Водителката Јана од „Сител“ го покажа дечкото, тој е нејзината детелина со четири листа (ФОТО)

0

Јана Серафимова е една од домашните најпопуларни водителки, особено откако направи Тв трансфер.

Имено, таа од Тв 24 замина во Сител ТВ и сега е водителка на емисијата Магазин.

Јана, заедно со нејзината, исто така убава колешка Јелена Богојевиќ, им го разубавува утрото на гледачите секој работен ден од 10 часот наутро, со разни актуелни теми и инетересен избор на соговорници.

Овој ТВ магазин изобилува со многу содржини. Јана, освен што е добро познато ТВ лице, е водителка на многу настани.

Јана е популарна поради својата професионалност кон соработниците и посветеност на работатa, но актуелна е и по други нешта, нејзиниот приватен живот.

На Јана и оди во работата, но таинствена е што се однесува до љубовта. Во едно интервју за Среќа.мк, откри некои нешта за себеси.

-Да, би се согласила дека е најтешко да се опишеме себеси, на сам старт ми давате тешка задача.

Сакам енергијата која што природно ја носам кога не сум пред камери – да ја пренесам и тогаш кога камерите се вклучуваат, па навистина сум среќна доколку гледачите ја чувствуваат таа моја позитива.

Сепак би рекла дека сум личност што не се “расфрла“ со својата енергија, зошто давам максимум љубов и посветеност таму каде што јас избирам, а тоа се: работата и луѓето чија што енергија ми одговара, ми значат и искрено ги сакам.

Сакам музика, сакам и следам спорт (најмногу фудбал), па еве таман да кажам дека една од поголемите маани ми е што не можам да се натерам редовно – рекреативно да спортувам.

Голем е бројот на нештата што можат да ме направат среќна. Среќа е што имам супер семејство и неколку вистински пријатели и тие ми го прават секој ден поубав.

За мене е многу голема среќа кога во нечии очи ќе видам дека јас сум причината што во нив се гледа среќа.

По среќна од моите лични успеси и остварени желби можат да ме направат среќата и постигнатите успеси на брат ми.

Среќа е да сакаш, а веројатно уште поголема – да бидеш искрено и вистински сакан“, рече Јана.

Во истото интервју, таа откри дека всушност водителството не е нејзината вистинска професија и дека за нешто сосема друго се школувала.

На едно од прашањата кое гласи: Во што би се пронашла освен во водителството, таа рече: Сигурно дека тоа би била музиката, затоа што тоа е и мојата вистинска професија.

Јана на својот Инстаграм профил често објавува интересни фотографии, а таква е и најновата каде што е во машко друштво.

Јана со фотрографијата со нејзиниот сакан, судејќи според емотиконите кои ги ставила: маж и жена како се држат за рака, срце и детелина со четири листа.

Изгледа дека Јана ја има најдено среќата во љубовта, но се уште не откри за кого станува збор. Таа претходно беше во врска со Иван, пејачот на „Либеро бенд, кој е сега во врска со пејачката Антониа Гиговска.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаБитолскиот професор имал средба со вирусот: Имав примено една доза и токму поради тоа поминав лесно
Следна статијаШенка Колозова се повлече на село: Коси трева, сече дрвја и се сеќава на Ѓорѓи