Шенка Колозова се повлече на село: Коси трева, сече дрвја и се сеќава на Ѓорѓи

0

Шенка Колозова, актерка и сценарист на Македонските народни приказни, сопруга на Ѓорѓи Колозов, со еден збор жена која ретко кој не ја почитува.

Неодамна, во едно итервју ја спомена Гоце Тодоровски.

-Во моментов снимаме ете, шуќур што Сител еве смогна сили да снима повторно Македонски народни приказни.

Од старата екипа останав уште само јас и Владе, Ванчо за жал ни отиде. Шенка пишува сценарија, од време на време игра.

Сега се вади демек, стара сум многу, не изгледам убаво на камера, ваму-таму, а јас ѝ викам: Па Шенке, баба некој мора да игра. Јас сега играм дедо, како играм дедо, а не личам?“, рече Гоце на телевизија „Сител“.

Тројцата авантуристи, ентузијасти и љубители на народната реч…Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова и сценаристот Димитрија Паволовски од периодот на 1984 до 2003 година за Македонската телевизија реализираат блиску 300 епизоди од овој бесценет проект, Македонските народни приказни.

Ѓорѓи Колозов својот пат го завршува во 2003 година на 13 Октомври на 55 годишна возраст. Заминува неочекувано без поздрав.

Создаде дела во временски период како да бил 300 годишен човек! Но, Шенка и Ѓорѓи се и креатори на нивниот театар „Колозови“.

За театарот „Колозов“, Шенка, инаку дипломиран теоретичар на книжевноста, напиша бројни сценарија и драматизации на Цепенковите народни приказни. На сцените на театрите во Штип и Куманово, а подоцна и во МНТ, од каде се пензионира, одигра повеќе од 6000 претстави и над 100 премиери.

Во приватниот театар „Колозов“ – уште 16 премиери. Кога Шенка ќе рече „Се изнаработев во животот“, тоа никако не е лесно изречена фраза, туку тешко спечалена вистина, објави Женски магазин.

-Ви благодарам што сте помислиле на мене. Тоа што сè уште мислите на мене е знак дека сета таа работа не била залудна – изјави Шенка за истиот медиум кој неодамна се потсети на оваа интервју со легендарната актерка.

Таа пандемските денови најчесто ги минува во нејзината викендица, во охридското село Велестово.

Во својот рај во Велеството, Шенка ужива во прилагодената селска куќа, дворот е со цвеќиња. Шенка таму одгледува зеленчук, ги чува своите кучиња и мачки, ги храни селските кучиња и мачки, коси трева и сече дрвја.

-Што да кажам јас за пандемијата? Немам право да зборувам за тоа. Јас сум пензионерка, мене вирусот не ми го смени многу животот. Што да кажат оние што одат на работа или уште повеќе оние што ја изгубиле работата?

Што да кажат оние кои мора да се прилагодат и да работат од дома? Оние што имаат мали деца и што се загрижени како тече учебната година? И како ќе ги прилагодат своите обврски и обврските на децата? – вели Шенка за Женски магазин.

Таа во интервјуто во споменува и својот Ѓорѓи, со кого го помина речиси целиот свој живот.

-Јас размислувам поинаку. На тој што е жив, ништо не му недостасува, на тој што го нема – му недостасува сè, му недостасуваат живите, му недостасуваат децата, внуците, радостите на животот. Мене ми е драго што тој ѝ недостасува на Македонија.

Не се случило да излезам негде, а да не ме запрат непознати луѓе и да не го спомнат Ѓорѓи. И секој муабет завршува со зборовите „како него – нема друг“.

Ќерките ми кажуваат дека некаде на социјалните мрежи, кога беше промовиран Мостот на уметниците пред Археолошкиот музеј имало прашање зошто меѓу поставените споменици нема и споменик на Колозов.

Во коментарите некој запишал: Нему не му треба споменик, Колозов е жив“, рече Шенка.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаВодителката Јана од „Сител“ го покажа дечкото, тој е нејзината детелина со четири листа (ФОТО)
Следна статијаБеше кралица на екс Ју сцената, го загуби сопругот, а сега има 57 години и уште изгледа како девојче (ФОТО)