„Искрено, не можам да се пожалам. За среќа сум била секогаш убаво прифатена од колегите, од публиката“, изјави во едно интервју убавата водителка Елена Стојановска, од Сител ТВ.
Шармантната речиси секое утро гледачите имаат прилика да ја гледаат на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“, каде со својот професионален пристап ги информира гледачите.
Таа е една од нашите најпопуларни водителки. Ја сакаат сите генерации, поради нејзиниот шарм, а она што ја карактеризира Елена е младоликиот изглед и насмевката. Во една прилика, Елена зборуваше за својата нега и убавина.
-Искрено, најчесто сум без шминка. Веднаш по емисија затоа што имаме тешка телевизиска шминка гледам да ја отстранам, премногу ми е сценска за така да се шетам.
Приватно, сакам да го прикријам заморот на лицето и да изгледам свежо, а сакам и да ги истакнам очите.
Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип. Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам.
Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага“, откри водителката во Женски магазин.
-Не сум се однесувала ска ндалозно и така и никогаш не прочитав за себе нешто што би ме вознемирило.
Си ја работам работата најдобро што знам, па се надевам дека така ќе биде и понатаму“, рече Елена во интервју за ubava.mk.
Елена е мајка на Илина, која во ноември наполни девет години. Многумина, гледајќи ја ја доживуваат како многу млада девојка и не знаат дека е во брак со Огнен речиси десет години.
Огнен пак, не е поврзан со медиумска работа на директен начин како неговата сакана. Тој работи во една позната маркетинг агенција. Во една прилика, Елена објави слика од сопругот и напиша дека се на љубовен состанок.
Елена која ретко зборува за приватноста, раскажа интересна приказна токму за сопругот, и тоа во живо, додека ја водеше Утринската програма на Сител, „Ја сакам Македонија“, со колегата Марјан Ников.
Елена и Марјан зборуваа за здравјето, за тоа колку ци гарите се шт етни и дека пушачите многу потешко го поминуваат вирусот кој владее.
„Мојот сопруг пушеше циг ари, но никогаш дома, секогаш надвор. Потоа се откажуваше од ци гарите и почна да пуши електронска ци гара.
Во еден период почна повторно да пуши, и се случуваше да запали електронска цига ра и цига ра. Сега користи само електронска и се надевам дека така и ќе остане“, раскажа Елена која е поборник за здрав живот.
Денес, таа сподели слика од неа и од ќерката како уживаат во убавото сончево време на прошетка. Илина станала вистинска убавица и многу наликува на својата мајка. Крупата под круша паѓа, каква мајка таква ќерка.
Фото: Инстаграм принтскрин