Нашата згодна манекенка и водителка Мартина слави, ги покажа сопругот и ќерката (ФОТО)

0

Македонската манекенка, која градеше кариера на светските модни писти и поранешна водителка на Бекјстејџ важеше и се уште важи за една од најубавите и најзгодните девојки во Македонија.

-Пред се Бекстејџ е еден проект кој дефинитивно многу и на посебен начин се разликува од останатите.

По стилот, содржините кои ги нуди, хармонијата која владее таму со неверојатна екипа и како доказ на сето тоа овој естраден магазин со најдолг опстанок на македонската естрада, а јас со мое големо задоволство веќе една година сум дел од Бекстејџ.

Соработката беше на иницијатива на Мики Црнокрак, кој ме предложи на таа аудиција и така започна се“, изјави Мартина за Среќа.мк

Среќата е чувство кое го поседува секој човек и секој на различен начин ја доживува среќата.

За мене да си среќен значи да си здрав, да имаш еден круг исполнет со луѓе кои ги сакаш, да имаш нешто за кое ќе се бориш и ако не бидеш денес среќен, сигурно ке бидеш утре!

Верувам дека сè што ни се случува е со добра причина и дека не е ништо случајно. Секој индивидуален човек сам си ја гради судбината со се она што го прави и со тоа што му е направено.

Искреноста и добродушноста никогаш и не си заминале од луѓето. Длабоко верувам дека се` уште постои.

Но некои луѓе се толку заспани што тоа им претставува тешко да го применат меѓусебно.

Од разни причини, пример: како од страв да не не` им е возвратено, да не биде погрешно сфатено, да не биде искористена нивната искреност и добра душа, но има една поговорка која многу кажува:

Доброто секогаш е појако од лошото“, изјави таа во истото интервју.

Откако претходно ја обелодени врската, во октомври 2017 нејзиниот партнер ја побара за жена, а во август 2018-та, иако мошне млада, стапи во брак со охридскиот бизнисмен Виктор Илоски.

Подоцна македонската Ева Мендез, како што ја нарекуваа во јавноста, ги објави првите фотографии од свадбатаи македонската, па подоцна малку се повлече од јавноста.

На 26 април во 2019 година, поранешната водителка и манекенка на свет донесе ќерка. Девојчето ќе го носи името Алана.

Среќната вест на социјалните мрежи ја објави сопругот на манекенката, Виктор Илоски. Двојката вешто ја криеја бременоста на Мартина.

Мартина сподели слики по повод спецоијалниот ден за неа, за сопругот и за блиските, роденденот на нејзината Алана.

Со голема торта за новната принцеза, Мартина и Виктор го прославија вториот роденден на Алана. „Алана полни две години“, пишува на сликата.

Уште една, сподели Мартина од неа и од сопругот како се бакнуваат на овој посебен ден.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЕлена Ристеска: Ме измамија, сега ја кажувам вистината
Следна статијаВодителката Елена од Сител објави слика со ќерката, иста убавица како мајка (ФОТО)