Три пати се оженил и четири пати се развел од истата жена, причината е неверојатна

0

Постојат земји каде што работодавците им даваат на младоженците осум дена годишно платено отсуство. Во тие земји, да ти е мерак да се ожениш или да се омажиш.

Со венчавката, автоматски добиваш и еден мини одмор. Тоа го нема секаде, а една од земјите чии работодавци ги частат своите вработени е Тајван.

Кога ќе ја прочитате оваа приказна, веднаш ќе си помислите: Македонци да живееја во Тајван, кај ќе им беше крајот!

Оваа неверојатна приказна раскаажува за еден човек кој работи како службеник во банка.

Тој имал долгогодишна врска и на романтичен начин решил да ја запроси својата сакана. Но, не само еднаш.

Тој одлучил да ја искористи можноста за слободни дебови од работа неколку пати. Каде една свадба, таму уште една, па уште една. Паметен е Тајванецот.

Имено, тој се разведе три пати и четири пати се ожени со истата жена, со цел да ги искористи платените денови за годишен одмор што му следат поради брак.

Бидејќи се оженил четири пати, тој имал 32-дневен одмор. Сепак, шефот испаднал попаметен од него, но дали за долго?

Банката не му дозволила да го стори тоа, затоа што го фатила во ујдурмата што сакал да ја направи.

За првпат, тој добил осум слободни дена, но бидејќи се развел само неколку дена по бракот, работодавачот разбрал што е намерата.

Затоа тој одбил да му дава слободни денови секој нареден пат. Сепак, повеќекратниот младоженец сметал дека има законско право на тоа, па ја тужел банката.

Судот пресуди во негова корист, а работодавачот мораше да му исплати 20.000 тајвански долари или нешто помалку од 600 евра.

Со тие пари, тој ја однел својата сакана „четврта“ сопруга на четврти меден месец.

Поточно, ја почестил романтичен викенд на нејзиното омилено место.

Фото: Freepic

Претходна статијаМесто свечени фустани, македонците најмногу трошат на пижами, еве колку е потрошено на онлајн пазарување
Следна статијаДенис Јанкуловски раскажа за бабичката која изгубила тројца во 1 месец