Во времето на пандемијата, пејачката и хумнитарец Кристина Арнаудова својот мир го пронаоѓа во јогата. Во интервју за Слободен печат таа објасни од кога ја засакала.
-Сè уште сум почетник, само неколку месеци како се поминати од мојата дружба со јогата, која ја вежбам секојдневно. Јогата ја проучував подолго време и се подготвував да започнам, ама не знам од која причина не почнував.
Тоа е вежба за мозокот, телото и духот, и е единствена таква дисциплина што не се фокусира примарно на мускулите и на силата, туку го третира човекот како целина.
Отсекогаш им се восхитував на луѓето што ја практикуваат и им бев обожавателка. Во овој период на стрес и неизвесност, таа ни е неопходна на сите за да можеме да го смириме духот и умот, кои мораме да признаеме, кај повеќето од нас се многу вознемирени“ изјави таа на крајот на минатата година.
Кртистина порано вежбала во теретани, но сфатила дека тоа не е веќе за неа, односно дека на нејзиното тело не му треба само сила, туку и мир.
– Ние работиме постојано, тоа е наше секојдневие, а помагање на лица што имаат потреба е нашата работа.
Секојдневно се делат пакети помош, храна, компјутери, таблети, лаптопи, училишни прибори, се бараат донатори што го овозможуваат сето тоа, градиме тоалети на семејства со деца што немаат или се во многу лоша состојба… Имаме многу активности со „Проект среќа“.
Иако оваа криза и нас нè погоди и нашата иднина станува неизвесна, сепак се надевам дека за доброто на стотици лица и огромен број деца, ќе успееме да преживееме во ова тешко време.
Сите наши активности, можете да ги следите на нашата фејсбук-страница „Проект среќа“, додаде таа за своето здружение кое им помага на ранливите категории.
Кристина започна едне голем проект кој се вика „Проект куќа со Кристина“, во кој таа и нејзиниот тим ќе реновираат 36 куќи за семејства на кои им с епотребни икои живеат во лоши услови. Сето ова ќе можат да го гледаат гчедачите на ТВ Телма од есен.
– Драги пријатели, Проект Куќа со Кристина започна со работа! Моментално сме во Карпош 1 каде градиме дом за Баба Мица и нејзините три внуци за кои таа сама се грижи….
За жал имаме недостаток на донации, немаме се уште санитарии, немаме доволно мебел, бела техника…. Затоа отворете ги вашите срца и вклучете се, за заедно да изградиме среќа и топол дом за стотици деца“, апелираше Кристина на социјалните мрежи неодамна.
,Проект Куќа, произлезе од проектот ,,Топол дом за сите,, кој моето здружение Проект Среќа го започна во декември 2019 година. Идејата беше да се реновираат или изградат од ново домови, каде живеат семејства со деца, во многу тешки услови, без основни услови за живот.
Кога го започнавме проектот немавме никаква идеја дека ќе го снимаме. Како што и самите знаете, одбегнуваме да ги снимаме -снимам моите активности.
Во текот на припремата, и барањето спонзори и донатори со големи срца, кои би се вклучиле, и заеднички би изградиле среќа за многу деца, сфативме дека одзивот на компаниите би бил многу поголем кога тие за возврат би добиле реклама за тоа“, рече Кристина кога ја објави емисијата.
Во сите нејзини проекти, поддршка ѝ е сопругот Алекдандар Петровски, кој е поранешен ракометен тренер, сегашен директор на А1 Арената. Кристина и Александар ги имаат синовите Максим и Матео.
„Кога беше втор тренер во Металург, играа по два натпревари неделно, во странство. Од 7 дена, дома беше едвај три. Сето тоа е компромис, јас верував и верувам во него, и тој верува во мене и ме поддржува.
Но, и дома кај нас работите се поделени на машки и женски, за жал. Јас не знам да сменам сијалица, а тој не знае да пушти машина. Тој е прекрасен татко, и внимателен маж, но е балканец, а и јас сум балканка, сакала или не“, раскажа Арнаудова во едно интервју.
Кристина на Инстаграм објави слика со својот сакан и до неа напиша: Јас сум среќна кога и ти си среќен. Заедништво“, објави пејачката за сопругот.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин