Го нема тука, а никогаш не бил поприсутен: Адријана Алачки објави носталгичен спомен и слика од младоста

0

Адријана Алачки е горда мајка на две деца, Грациела и Благоја. Адријана со љубов зборува за својата внука Јана, ќерката на Грациела и на зетот Игор, на која неодамна ѝ го честиташе роденденот.

Пејачката и водителката на емисијата „Вкусот на традицијата“, на својата ќерка Грациела со љубов ѝ го честиташе родененот:

Среќен роденден сонце мајкино. На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци.

Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував.

Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно.

Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек. И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..

Затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика“. Алачки сега се сети на своите упокоени родители и напиша срцепарателна објава:

– Единствени мои, Јас ја имав таа среќа да бидете мои родители, што и да напишам нема да Ве опише, оти нема такви зборови. Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е ,, ЧОВЕК”…

Ми недостигате со секој нов ден, се повеќе и повеќе, се што сум денес е Ваша заслуга, од Вас научив што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост….

Секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно, нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила…

Сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ внатре, само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше.

Старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив а не ми кажавте…и немав доволно време за Вас..

Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде страшно кога самите нема да си простите.

Затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се… Ве сакам со секој атом од мојата душа. Почи -вајте во мир!“, напиша Адријана.

Таа неодамна, на празникот цветници се сети на својот татко кој се викал Цветан, и објави слика кога била помлада со својот татко. Во описот на фотографијата таа напиша:

-Мојот татко се викаше Цветан и Цветници беше денот кога се собираше целото семејство во знак на почит и љубов.

Се вели да Ти е вечно името…и навистина било така, го нема сега и тука а чинам никогаш не бил толку присутен како сега…“

Фото: Фејсбук принтсктин

Претходна статијаВанковска: Не ни го подметнувајте Јанша и неговата платформа – си имаме ние платформа на Матка за решавање
Следна статијаТаа за неа е и мајка и татко: Ќерката на Биба Додева упати важна порака до својата мајка (ФОТО)