Сузана Турунџиева: Одбрана сум да среќавам БОГАТАШИ

0

Јавноста е запознаена за дружбата на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова кои неодамна снимија заедничка песна.

Песната ја раскажува нивната заедничка судбина.

Песната ја напишаа следниве автори: Роберто Поп Димитров музиката а Огнен Неделковски текстот. Песната е веќе промовирана, а ова Сузе и Атиџе го опејаа во неа.

-Моја Атиџе, душо медена, мислам живот цел, јас те познавам. Иста судбина, ние делиме, се за луѓето, ние правиме“, ја почнува Сузана приказната во песната.

– Има бранови, има планина, човек сонува за убавина. Што е наше знај, ќе ни пристигне, нова светлина доаѓа, да ни помогне“, ѝ одговара Атиџе.

-Многу прошетав, но не научив, зошто плаќаме туѓи гревови. Зошто животот, едно казнува, а пак другите ги наградува?“, се прашува Сузана.

-Тешки прашања, моја Сузана, не би знаела, да одговорам“, ѝ одговара Атиџе. Потоа вели: Душа отвори и насмевни се, сите вистини големи се во песните.“

Во спотот, се појавуваат нивни интересни фотографии од дружбата последниве месеци.

Сузана повторно објави слика од Атиџе, која е важна во нејзиниот живот, како и нејзината помала ќерка Матеа.

Но, на сликата е уште една жена, многу значајна за Сузе. Тоа е нејзината мајка која неодамна наполни 80 години.

– Мојата мајка е таква мајка, што кога зборувам за неа треба да стојам простум… Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе и останеш…

Среќен 80ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој… Биди ми тука уште многу долго“, напиша Сузана.

Сузана објави слика со својата помала ќерка Матеа и напиша: Не може никој толку да мр ази, колку што ние можеме да сакаме…

Турунџиева сподели уште една важна и инспиративна мисла која искажува благодарност, но и раскажува лична приказна на познатата водителка, пејачка и писателка.

-Благодарна сум на животот, што после сите успони и падови, таги и радости, имања и немања, ме научи на најважната лекција, дека: БОГАТСТВО НЕ Е ТОА ШТО ГО ИМАШ, ТУКУ ТОА ШТО ГО ДАВАШ.

А уште поблагодарна сум, што сум одбрана да среќавам такви БОГАТАШИ кои немаат нешто којзнае што матерјално, ама имаат душа голема и срце шииироко.“

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаКако втора мајка: Каролина сподели приватна слика
Следна статијаЗаработи многу пари и му стана конкуренција на Пандев – нашиот познат фудбалер се поднови