Како втора мајка: Каролина сподели приватна слика

0

Каролина Гочева во овој период на својот Инстаграм профил се присетува на своите убави концерти кои ги имала во Скопје, во Филхармонија пред две години.

Таа споделува спомени од фотки и видеа што ѝ ги праќаат фанови и пријатели и порача дека сака пак да се врати на старото добро нормално.

Една од нашите најголеми музички ѕвезди не сака многу да зборува за својот приватен живот во јавноста. Таа во 2017 година се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација- Аеродромот Стенковец.

– Не е точно дека сум криела, за мене секогаш сè се знаело, се знаеле основните работи кои не можеш да ги сокриеш, односно немаш причина да ги сокриеш од јавноста.

Сум прочитала многу лаги, нешто што нема врска со вистината.

Но, сум го сфатила тоа како составен дел од мојата работа, и со тек на време веќе и престана да ми пречи“, рече Каролина Гочева во едно интервју за 1ТВ.

Познато е дека пејачката е родум од Битола. Таму живее нејзиното семејство и таа секој слободен момент се труди да го помине со своите најблиски.

Како и во многу наврати на својот „Инстаграм“ профил, таа покажува дека омилени во родниот крај ѝ се двете внуки.

Постарата Луција, има 10 години, а помалата внука Инес, 6 години. Тие се ќерки на нејзината сестра Сандра Гочева- Јерчиќ.

Каролина често знае да сподели фотки на социјалните мрежи од дружбата со своите внуки, а особено од забавните моменти со поголемата, Луција.

-Па, како викаат, тетката е втора мајка и тоа не е далеку од вистината.

Внучињата се мојата прва љубов и најголема радост и будат цел спектар на чувства кај мене.

И со двете имам посебен однос и огромна љубов“, изјави пејачката во претходно интервју.

Каролина сподели една убава слика како ужива со своите најмили и најважни личности, внуките Луција и Инес како уживаат во паркот во нејзината родна Битола, во друштво на миленикот.

Каролина Гочева е навистина среќна тетка, што се гледа и по овие фотографии.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаБеше кралица на Ју сцената, се вмеша и во политика – сега ја нема зашто не сака да пее на селски приредби
Следна статијаСузана Турунџиева: Одбрана сум да среќавам БОГАТАШИ