Станува во 4 сабајле машина за перење да пушти, готви после 22ч за пак таа евтина струја да ја искористи

0

Огнените ѕв -ерови на Дамјана е една од нашите најпопуларни Фејсбук страници. Ја води Снешка Трајковска, Македонка која има интересна приказна.

Таа е мајка на три деца, и претходно нејзините следбеници кои ги има речиси 13.000 уживаа во постовите од селото Петралица, Кривопаланечко, каде што таа и сопругот се преселија од Скопје.

Во едно интервју изјавија дека решиле да се повлечат на село поради мирот и чистиот воздух. Таму им се родија две деца, а „Огнените ѕверови“, често ги честеше фановите со кулинарски рецепти направени со продукти кои тие самите ги одгледуваа во селото. Снешка ја имаше и во видеата на познатиот готвач Фичо, познат по емисијата „Готвиме со Фичо“.

Пред една година, семејството се пресели во Германија со ќерката и со синот, и решија да започнат од почеток, од нула, исто како кога од Скопје заминале во Кривопаланечкото село.

Таму им се роди уште еден син. „Огнените ѕв е рови“ сите свои убави и тажни мигови ги споделува на фан страната, а фановите го поддржуваат нивниот авантуристички дух.

На Фејсбук, „Огнените ѕв -ерови“ објасни како функсионираат дел од повозрасните кај нас, и со ова упати критика за пензионерите кои не им помагаат на своите деца:

знаеш, мајка ми е изринтана, се има изнаработено во животов. кога бевме мали одеше на работа, па дома, стариот ќе легне, таа ручек прави, нас не’ чува, чисти, пере, се’ сама…

– баш фино – си помислувам – мајка му е изринтана, за неа со мек глас зборува, со почит, сожалување и благодарност, а за мајката што сега е покрај него, таа што го прави истото, па дури и повеќе од неговата мајка, нема ништо од тоа.

Работата на мајката што сега ги чува неговите деца, ги воспитува по цели денови се нарекува сецкање манџички. нормално дека со потценување е сецкањето манџички… се потценува мајката на неговите деца затоа што станува во 6ч да измие садови, во евтина струја да се полни бојлерчето, станува во 4 сабајле машина за перење да пушти, готви после 22ч за пак таа проклета евтина струја да ја искористи…

да има, за децата, за него, за нив, да прошетаат некаде…никој не ја прашува дали ѝ се спие, дали може да ја одмени, да каже фала…

Уморот нејзин се потценува, сецкање манџички… за мајката на неговите деца нема фала ни за испраните алишта, ни за наместените кревети, за насмевката со која го пречекува секој пат кога ќе влезе дома.

За мајката на неговите деца нема фала што му принесува јадење. тој остава и чинии и трошки и си станува од маса без да раскрене, таа пак трча по него, средува, со насмевка нормално. неа не ѝ е тешко.

за разлика од мајка му. таа никогаш не се смеела. се потрудила низ нос да им го извади секое јадење што им го приготвила. ама неа сите ќе ѝ бидат благодарни. истренирани се да покажуваат благодарност, изнудена, пластична, ама ја има ко за пред народ, влезена му е во потсвест таа послушност.

за мајката на неговите деца нема фала што не стави кредит месецов на телефон. таа е извежбана со насмевка да се преправа дека баш тоа не ѝ треба, па ионака нема со кого да прави муабет.

Нема фала што мислеше на семејството, само не и на себе. Нема фала за летните обувки што ги носи на зима, со насмевка кажува како нема потреба од топли обувки, ова не е ни зима…

Нема фала што не тормози за неспуштена даска во купатило, за чорапи на сред соба, алишта на сите страни и сите други дневни ситници со кои мајка му и ден денес му бургија во глава, како што бургијаат сите жени, но не и неговата. зошто фала?

Фала за тоа што некој мисли на тебе повеќе од ти на него. Фала за тоа што некој одвоил време од својот живот да направи нешто за тебе. што и да е, дел од животот ти подарил, за сецкање манџички, за кифлички, за едно кафе, за гушкање, за насмевка, за подарок, за желбата да биде баш со тебе, а може да биде со кого било… Прашањето е дали од кога кажа за мајка си гласно, сфати?“.

Фото: Фејсбук принтскрин, Freepic

Претходна статијаТаткото на Влатко Илиевски емотивно за синот: Те сакав како оган својот пламен а сега ние не сме веќе заедно
Следна статијаМесто свечени фустани, македонците најмногу трошат на пижами, еве колку е потрошено на онлајн пазарување