Таткото на Влатко Илиевски емотивно за синот: Те сакав како оган својот пламен а сега ние не сме веќе заедно

0

Влатко Илиевски беше македонски пејач на поп и рок музика, но и успешен актер и водител на најстариот детски фестивал „Златно славејче“.

Својата кариера ја започна на почетокот на 2000-те и се стекна со голема популарност ширум македонската публика. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.

Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

Влатко засекогаш си замина на 6 јули во 2018 година, неколку дена по својот 33 роденден. Многу негови блиски и фанови уште се во неверување и шок за загубата на ова талентирано момче, миленик на сите генерации.

„За љубов се пее до крај“ беше насловот на една од неговите песни, дует со Ристо Самарџиев со кој победија на „Охрид фест“ во 2009 година. Ова беше една од триесет и петте фестивалски награди на Влатко.

Токму по оваа песна се вика цедето кое беше издадено во сеќавање на Влатче, како што најблиските и пријателите од естрадата го викаа.

На цедето има 19 песни, кои внимателно ги избра неговото семејство, таткото Драган, мајката Јулија и сестра му Наташа. Таткото на Влатко, Драган Илиевски- Вршац, познат спортист и скопски угостител за Женски магазин ја раскажа приказната и симболиката на овој албум и се присети на најдрагите нешта на својот син.

Албумот не е комерцијален, нема да се продава, го подаривме на сите фанови на Влатко, од срце. Таков беше Влатко, сакаше да подарува.

Кога ќе се случеше на фестивал да не победи, а бил фаворит, или поради погрешно пресметани поени како што се случи еднаш на „Охридски трубадури“ не се лутеше.

Само ќе речеше: „Нема врска, и ќе излезеше да ја прими втората награда со насмевка. Никогаш на никого не му се лутеше, сè решаваше со насмевка.

Многу патувам низ цела Македонија и луѓе постојано ме прашуваат дали ќе има албум со неговите најголеми хитови“, изјави таткото на Влатко, Драган Илиевски.

Тој на фан страницата на Фејсбук на Влатко, како и на неговиот профил објави стори од неговата песна „Во пепелта на љубовта“, а стиховите на песната се всушност посвета на Влатко од таткото и од сите негови блиски.

-Те сакав како река својот камен, те сакав како облак својот дожд, те сакав како оган својот пламен а сега ние не сме веќе заедно. Те љубев како сликар свое дело, те будев како магла овој град, те барав како дух од ново тело а дојде време други да не разделат.

Во пепела на љубовта еве песна нека биде жар, да застанеш, да заплачеш, да ме спомнеш бар.

Те сакав како птица своја гранка, те чекав како поет својот стих, те чував како дете своја санка но дојде денот кога јас те загубив.

Во пепелта на љубовта еве песна нека биде жар. Да застанеш, да заплачеш, да ме спомнеш бар“. Ова се стиховите кои таткото на Влатко му ги посвети на својот син.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаТатјана Стојановска им одржа лекција на политичарите и отворено кажа каде грешат
Следна статијаСтанува во 4 сабајле машина за перење да пушти, готви после 22ч за пак таа евтина струја да ја искористи