Со мајка ми направивме тактика малку да го здрмам маж ми – тој ми дојде со барање за развод

0

Според некои статистики, преку 70 проценти од разводите на бракови, се случуваат поради мешање на родителите од една, од другата, или од двете страни во бракот на младите.

Најчеста причина за таквите семејни караници се околу децата (внучињата), со кого од бабите и дедовците поминуваат повеќе време, или поради живеењето во заедница со родителите на еден од партнерите, најчесто на мажот.

Подолу една исповед и јавно признание дека мајката се мешала и била инспиратор на „тактики“, кои се изјаловиле, а бракот пропаднал.

-Од мојата четиринаесетта година, па се до завршувањето на пубертетот, со мојата мајка бевме на “ра тна нога”.

Што и да кажеше, ме нервираше и признавам, не бев праведна кон мајка ми. Неретко знаев да и се развикам, а подоцна сфатив дека жената всушност била во право за многу работи.

Се омажив на дваесет и пет години и тогаш мојата мајка ми стана најдобра пријателка. Претпоставувате, главна тема на разговор ни беше сопругот, децата, свекрвата.

Во првите години од бракот, мајка ми се обидуваше некако да избалансира меѓу мене и мојата нова фамилија, но подоцна и нејзе како да ја фати некој ре волт и почна отворено да зборува против нив.

Во секое семејство постојат несогласувања, па така и во моето. Кога гледам од денешен аспект, ми станува јасно дека и не било баш сè како што јас сум мислела.

Ама главно беше што јас имав поддршка од моите. Од овде потекнуваше и силата во мене, за да се спротивставам на сè што мене не ми одговараше.

Со сопругот и децата живеевме во семејна куќа со неговите родители. Тие долу, ние на горниот спрат.

Нешто што најмногу ме ужаснуваше, беше тоа што тој инсистираше да ручаме заедно со нив. Свекрвата готвеше, не можам да се пожалам, ама сепак се нервирав.

При една жестока кавга, собрав некои алишта, ги зедов децата и отидов кај моите. Мајка ми ме праша дали ме удрил, и реков не. Таа малку се потсмири но сепак ми рече: – Ако што си отишла, ова ќе му биде за памет!

Е арно ама, помина една недела, сопругот го немаше да се јави. Тогаш мајка ми почна да го врти моабетот, па да ми вика дека требало да си останам дома, па да му се јавам…

По неколку дена дојде сопругот со вработени од социјално за да ги види децата и истоовремено ми донесе тужба за развод.

Тука за мене се сруши светот, бидејки во суштина многу го сакав. Незнам што да правам, многу го сакам, дајте совет…

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаМелита Ракичевиќ: Јас сум лимитирано издание
Следна статијаЈована од Сител: Дури и да не се венчаме, јас и тој сме маж и жена