Слаткар за синот: Моша се лула и ме снима (ФОТО)

0

Пред речиси една година, музичарот Марко Маринковиќ- Слаткар стана татко. Неговата сопруга, Сања Николиќ го роди нивниот прв син.

Среќната вест ја сподели на својот Фејсбук профил каде напиша: Се роди Моша Маринковиќ, голем да му расте!

Синот на Сања и на Слаткар се роди токму за време на почетокот од пандемијата и тогаш раперот изјави дека ќе слави за раѓањето на синот дома, сам.

Сања Николиќ и Марко Маринковиќ во 2014 година, го изиграа првото брачно танго и тоа на тактовите на „Кажи да“, песна која младоженецот ја направил специјално за оваа прилика.

Тие тогаш стапија во брак и со тоа ја крунисаа четиригодишната врска.

За својата сопруга, тој ја напиша песната токму песната Кажи да, и со неа ја побара за жена. Слаткар во една прилика за Сања изјави:

Има неколку што се само за неа, но не се за у етер. А има и такви што сум ги пишал за неа, а важат за сите сакани девојки/жени“, а потоа објасни зошто ја сака Сања.

-Затоа што може да ме трпи и затоа што можам да ја истрпам. Затоа што имам се што и недостасува и има се што ми фали.

Точно, како ден и ноќ сме, но нели, -мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.

Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.

Најчесто сум јас тој што утињам, а она е секогаш во право. А каранците се за далечинското дека не е на место, дека светлото не е угасено, или вратата од соба не е затворена.

Тоа значи дека неколку дена по ред јас ќе фрлам ѓубре“, рече тој.

Тој сега објавува фамилијарни слики од Сања и од својот Моша, а такво е и едно видео што го стави на стори на Инстаграм.

„Сум заборавил да ставам маска“, рече Марко држејќи го Моша во рацете.

„Еве маска“, рече потоа тој и се снајде ставајќи на ролката на устата.

Слаткар на Инстаграм објави интересно видео во кое синот Моша си игра со интересна играчка.

Тоа е неговиот телефон.  „Моша си се лула и ме снима“, напиша Слаткар додека неговиот син уживаше на лулашка.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаИскрено обраќање на Сања од „Брза кујна“
Следна статијаВака зборуваше Ванчо Петрушевски пред да замине, за неговиот Гоце, за животот