Искрено обраќање на Сања од „Брза кујна“

0

Неколку сезони по ред имаме прилика да го гледаме кулунарското шоу „Брза кујна“ на Сител телевизија, а на чело беше водителката Александра Илиевска.

Готвачите Марк и Никола заедно со нивните тимови секој ден прават различини специјалитети и го привлекуваат вниманието на публиката.

Александра Пановска, која неколку години беше водителка на шоуто „Брза кујна“, кариерата ја започна како радиоводител на „Клуб ФМ“, а на телевизиските гледачи им стана позната преку реалното шоу „На иста адреса“.

Но, очигледно време беше за промена. Марк де Јонг, еден од готвачите во шоуто, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија заедно со неговиот готвач – партнер, Никола Мишковски, но и нова колешка – водителка меѓу нив.

Откако Александра се повлече поради породилното отсуство, а потоа ја роди и ќеркичката Сара, на нејзино место дојде Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24.

За потсетување, првата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска.

Исто така во минатата петта сезона Марк и Никола исто така имаа замена од двајца свои колеги, но тие само ги надополнуваа низ емисиите.

Според Сања, Тв водителот треба да биде секогаш за се добро информиран, да умее убаво да говори, да има правилен изговор на зборовите и да чита многу.

„Луѓето сметаат дека за оваа работа е потребен само добар изглед и имиџ, па посегнуваат кон покривање на недостатоците. Затоа, на крајот сите се слични едни на други, со л оша дикција и недоволно подготвени за интервјуата.

Уникатноста и природниот изглед, шармот, харизмата и знаењето ги покриваат сите недостатоци“, изјави Сања претходно за „Точка“.

Таа е една од ретките наши водителки кои имаат земено изјава од Новак Ѓоковиќ, и изјави дека цел живот ја чекала. Сања е хумана, и многу сака да им помага на луѓето. Еден од нејзините омилени ликови за инетервју е Јане Велковски.

Отсекогаш била воодушевена од актерството, па затоа и била дел од актерската школа на Димче Мешковски. За него вели дека има огромна улога за она што е денес.

„Самата проценив дека немам голем актерски талент и дека тоа не е професија во која би била среќна, па во последен момент ги избрав политичките науки и така завршив на Правниот факултет во Скопје“, искрено вели Сања.

Сања е во врска со Томи, кој е вљубеник во мотори, а таа вели дека е девојка која никогаш не би се качила на мотор.

Но, за љубов на својот сакан, Сања го надмина и стра -вот од мотори. Се за љубов! За возврат, тој со неа оди на театарски претстави.

Водителката на својот Фејсбук профил објави емотивен статус како знак на благодарност кон сите што ја поддржуваат откако стана водителка на познатото кулинарско шоу. Сања исто така кажа дека не ѝ пречат критиките упатени на нејзина сметка.

-Безброј пораки, безброј коментари и нормално по некоја критика, но сето тоа за мене голема радост и поддршка. Ви благодарам на сите што во овој изминат, но и краток период ме прифативте како домаќинка во вашето омилено кулинарско шоу, Брза Кујна.

Сето тоа ми ја задржува насмевката и ме прави вистински среќна што пред нас имаме уште многу моменти да ги поминеме заедно во најзабавните кујни во Македонија“, објави Сања.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаТрифун: Личностите за кои говорам самите ќе се препознаат во овој текст
Следна статијаСлаткар за синот: Моша се лула и ме снима (ФОТО)