Се вери познатиот музичар кој сите невести го викаа за свадба, ќе стане охридски зет

0

Групата Маестро е една од групите која е најчесто ангажирана на свадбите и на домашните прослави. Во периодот на пандемијата, нивните настапи се сведени на минимум.

За овој тежок период на музичарите, во емисијата „Магазин“ пред извесно време зборуваа Илија Филиповски и Војче Петрушев, кои се членови на групата и многу блиски пријатели.

На почетокот се пошегуваа дека многумина ги мешаат и мислат дека се браќа.

Среќа за нив е што и двајцата се дел од ансамблот „Танец“, кој на почетокот од пандемијата немал ниаккви активности, но сега како што рекоа членовите на „Маестро“, иамаат редовни проби според протоколите.

Тие се многу благодарни на маестро Милан Завков, познатиот хармоникаш, со кој најавија дека подготвуваат нови песни.

„Од нашата сцена нема некој со којшто немаме свирено“, изјавија ченовите на групата.

За Нова година, групата направи лајф концерт кој беше подарок за нивните подржувачи и фанови, и со оглед на тоа дека речиси сите луѓе беа дома за Нова година, велат дека доста луѓе го виделе овој нивен концерт.

Илија и Војче зборуваа за тоа дека им недостогаат свирките, но и тие на луѓето им недостигаат. „Многу ни пишуваат.

Помина една година од последната свадба што ја свиревме и многу е тешко за нас, затоа што музиката е јавна професија и сакаме она што го знаеме и што го умееме да го презентираме на јавноста.

Не само дома да го вежбаме. Но, среќа, овој период го користиме максимално за во студио, за нови проекти.

Не сме излезени од студио веќе една година, поточно од мај до сега“, рекоа од група „Маестро“.

– Додека имавме настапи, имавме многу често, скоро секој ден, и по шест пати во неделата, фамилијата буквално не можевме да ја видиме.

Јас го фатив последниот воз, се оженив пред ко-роната, и тотално се посветив дома на фамилијата, и покрај тоа сме одморени за да можеме да твориме и да создаваме нешто ново“, рече Војче.

-Сега сме постојано заедно и си реков, кога овој период го истуркавме, после кога пак ќе ни почнат свирките, ќе биде полесно“, искоментира музичарот за својата сопруга. Потоа најави дека наскоро ќе стане татко, а Илија му е кум.

Илија пак рече дека не е женет, и дека ќе чека подобри времиња за свадба. Но, ете, еден месец потоа, и тој ќе ззастане на лудиот камен.

Денеска на Фејсбук многу пријатели му честитаат на познатиот музичар. Тој објави фотографија од него и од неговата сакана и само кратко напиша: Таа рече ДА, те сакам Анастасија, и го покажа свршеничкиот прстен кој ѝ го избрал на својата сакана Анастасија.

Илија избрал убаво и романтично место за да ја побара Анастасија за жена, а тоа е Кањонот Матка во Скопје. За убавата Анастасија се знае дека е од Охрид, така што Илија наскоро ќе стане охридски зет. Нека им се со среќа на младите!

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаТри девојчиња им роди Маја ќерка ми, ама запнаа зет ми и мајка му да родела машко – сега се молам за чедото мое
Следна статијаАко сакаат да живеат богато, нека ги засукаат ракавите: Брена се отвори за децата