Три девојчиња им роди Маја ќерка ми, ама запнаа зет ми и мајка му да родела машко – сега се молам за чедото мое

0

Ништо нема посилно од родителската грижа за чедото свое. Со сопругот не можевме да имаме дете, па на времето едвај успеавме да ја посвоиме. Баш се намачивме и се изначекавме.

Ама Маја е нешто најубавото што ми се случило во животот, ја сакам како своја, како моја кр в. Со сопругот мој ја гледавме како капка на дланката. Верувајте ми дека навистина нема разлика во љубовта. Чувствувам ограмна родителска љубов кон ќерка ми, а сега сум многу загрижена за неа.

Рано се вљуби и се омажи. Иако не се согласувавме толку млада да се мажи, сепак не и застанавме на патот на среќата. Направивме убава свадба, а таа беше пресреќна.

Живее со мажот, свекрвата и свекорот, под исти кров, ама колку што Маја ми кажува, добро се согласуваат и немале проблем.

Меѓутоа, ЈАС знам дека има проблем, не треба Маја да ми го каже тоа, јас тоа го чувствувам и го гледам. Многу брзо остана бремена и роди девојче.

Нејзиниот маж беше разочаран зошто родила девојче, па веднаш ја остави бремена по вторпат. И второто дете беше девојче, а мажот и стана уште понезадоволен.

Почнав да ја учам ќерка ми како да се заштити, да не останува повеќе бремена или барем да одмори малку, па кога ќе биде подготвена нека роди уште едно ако толку сака.

Таа ме убедуваше, ми велеше “Ако мама, јас немам ни брат ни сестра, нека ги има повеќе, нека се радуваат сестричките”. Тоа најмногу ме боли, зошто веруваше дека тоа е нормално, да се раѓаат деца едно подруго.

А бременостите и беа високо ризични и едвај го преживуваше пораѓајот. Сепак, веднаш остана бремена и по третпат.

Овојпат, по третото девојче, не дојдоа мажот и’ и свекрва и’ во болница да ја земат. Нејзиното мажуле бил многу лут зошто и овојпат му родила женско, а не машко-наследник!

Е сега веќе и докторите ја советуваа да ја подврзат додека е во болница, зошто многу и се ризични бременостите и дека најверојатно следната бременост би и била високо ризична и опасна по нејзиниот живот.

Навистина верував дека ќе ги послуша советите на докторите, но се плашеше од мажот, дека ќе ја оставел. Нејзиниот маж и нејзината свекрва инсистираат таа да роди машко. Отидов и кај нив да се расправам, ама ме избркаа и ми забранија пристап.

Веќе не смеам да си ја посетувам ќерка ми и да ги гледам внучињата. Сега Маја е седми месец и се наоѓа во болница, се бори за својот живот.

А јас сум гневна и бе сна и тажна и не знам што ќе направам ако недајбоже нешто и се случи. Го прашав докторот, најверојатно ќе го изгуби ова бебе, мали се шансите да преживее, инаку девојче.

Му се молам на Бог да ја спаси ќерка ми, има само 25 години и животот е пред неа. Не требаше сето ова да и се случи. Не требаше да пропадне во такво змијско гнездо.

Те молам Господе, спаси ја ќерка ми и врати ми ја жива и здрава. Верувајте ми, срцето ми се распаѓа на парчиња…

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаСветлана: Ова не е Малта, Македонија е, но ние сме излечени и не плативме ништо
Следна статијаСе вери познатиот музичар кој сите невести го викаа за свадба, ќе стане охридски зет