Проф. Даниловски се огласи преку видео и одговори на прашањата и најголемите дилеми на граѓаните околу имунизацијата

0

Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, се вложи целосно во оваа пандемиска криза. Тој деноноќно одговара на прашања на граѓаните и ги разрешува нивните дилеми, околу ковидот, а сега и околу имунизацијата.

Минатата недела, на официјалната страна на стручниот портал Доктори.мк, тој одговараше на безброј прашања. На дел од нив, тој им одговори и преку видео порака. Ова е транскриптот од прашањата и одговорите:

-Ова е еден начин да излеземе во пресрет на што повеќе граѓани што прашвуваат. Едноставно, не можев да стигнам на сите писмено да им одговорам, така што, ете, придобивките на цивилизацијата, со овие видео форми малку како да ќе ни излезат во пресрет. Ѝ благодарам на мојата сопруга, доајен на телевизиските води и чест ми е токму таа да ме интервјуира, да ми ги поставува прашањата, рече професорот Даниловски за нашиот портал.

Ова се дел од прашањата и одговорите кои ќе можете да ги проследите подолу во видеото:

1. Дали на прележан од КОВИД по дарување на кр вна плазма, му се намалуваат антителата.

-Не, тоа е мала количина к рв што се зема за донирање, така што организмот тоа нема ни да го почувствува.

2. Поради варикозитети, дисколорации и тромбофлебит на едната нога, ми беше извршена радиофлуоресцентна аблација. Во моментов не примам никаква терапија. Прашањето ми е дали ми препорачувате да се вакцинирам.

-Дефинитивно, да. Со аблацијата сте си свршиле работа, проблемот веќе не постои за вас, немате терапија, така што можете да се вакцинирате со било која вакцина.

Елизабета Апостоловска, прашање за докторот: Подолго време поради воспаление на внатрешна вена примам Синтром по шема, исто така примам Еутирокс за тироидната жлезда, а алергична сум на тетрациклини. Со која вакцина да се вакцинирам? Однапред Ви благодарам!

-Со било која вакцина и вие може да се вакцинирате, еутироксот не е никаква контраиндикација, а се дава заради состојбата на тиреоидната жлезда, алергијата кон тетрациклини, исто така, не е проблем.

Во вакцините нема тетрациклини, ниту било кој друг антибиотик. Е, она што пишувате за синтромот и за вената, јас би ви препорачал, откако ќе се вакцинирате, да обрнете внимание неколку дена да не се појават модринки, некое кр ва-рење, црна столица внимавајте да не се појави. И тоа би било сѐ.

Лакица Бошковска: Пoчитуван професоре, дали пациент со лупус, хашимото, хипертензија, лупус нефритис, може да прима вакцина и препорака за која?

-Може да се вакцинирате со било која вакцина. Сите состојби што ги набројавте не се контраиндикација за вакцинирање. Генерално, автоимуните заболувања не се причина да не се вакцинирате.

Единствено се препорачува, ако активното заболување – било да е хашимото или лупус – ако се во т.н. активна (раз горена) фаза, не треба да се дава вакцина. Тоа може да ви помогне, да ви определи само вашиот доктор.

Исто така, се препорачува, ако сте на имуносупресивна терапија, значи, кортикостероиди, ако е можно, со дозвола на вашиот доктор, да ја прекинете терапијата две недели пред и две недели по вакцината. Зошто?

За да може организмот да создаде поголем број антитела, откако ќе се даде вакцината. Во спротивно, ако не се прекине терапијата, ќе се создадат помалку антитела.

Мина: Само тоа е причината? Зашто мнозина мислат дека има и некоја друга причина скриена, некои нус ефекти…

Не, не, не. Ништо нема да се случи. Ама единствено, народски се вели така, може да не се фати доволно вакцината. Инаку, нема проблем.

Билјана Горгиевска: Добар ден, дали може докторот да ми каже: Пијам таблетарна онколошка трапија еднаш месечно. Примам инјекција за коските „пролија“, пијам синтром по шема. Со која вакцина да се вакцинирам или да не се вакцинирам? И да напоменам дека имам рецидив на супраклавикула и плеврална ефузија во регрес.

-Со било која вакцина дозволено ви е да се вакцинирате. Единствено посебно би ви препорачал, заради синтромот, значи, антикоагулантната терапија, да обрнете внимание по вакцинирањето да не ви се појават некои модринки по кожата, црна столица, крварење од непцето итн. Една нагласена будност би ви препорачал

Сузе Гркоска: Почитуван Др. Даниловски. Пред неполни три месеци имав операција… нефректомија на лев бубрег. Да ли смеам да се вакцинирам?

-Да, луѓе со еден проблем немаат проблем со вакцинирање.

Сузана Карабашоски: Здраво, докторе, ме итересира дали смеам да се вакцинираме бидејки точно пред седум месеци ми е дијагностицирана дијагноза Минока ретка болест на срце сто предизвикува ин фаркт, а не го остетува срцето И артериите. примам терапија аспирин 100, неопаза, дилкоран 2 во ден алдизем 3 во ден, пирамил 10 мг 2 на ден и росвера 40 мг. Се работи за 39 год пациент. Поздрав.

-Смеете со било која вакцина да се вакцинирате. Меѓутоа, јас би ви препорачал – ова како мала дигресија сфатете го – гледам овде што сѐ ви пропишале… не е лошо второ мислење да побарате од некој друг доктор, зашто на 39 години толкава терапија да пиете некако многу не ми е баш логично – независно од природата на заболувањето.

Живка Петроска: Почитуван др. Даниловски, јас имам 71 година, оперирана сум од аортна анеуризма на самиот излез од срцето и направена е операциија на залистоците, а исто имам ситемски лупус. Ме интересира ако може да ми кажете со која вакцина е најдобро да се вакцинирам со овие проблеми што ги имам. Однапред ви се заблагодарувам.

Да. Ќе го повторам одговорот на едно претходно прашање, дека автоимуните заболувања – значи и лупус – не се контраиндикација за вакцинација, единствено само ако е болеста во активирана, разгорена форма, не смее да се даде вакцина, тогаш не се препорачува.

Ако пиете имуносупресивна терапија, би требало да го консултирате вашиот доктор, да ви каже дали смеете да ја прекинете терапијата две недели пред и две недели по вакцината, заради тоа да се овозможи полн капацитет на вашиот имунолошки систем, а идејата е да се обезбеди максимален број на антитела заради давањето на вакцината.

Јулијана Магденовска: Го молам др. Даниловски дали може да ми одговори на следното прашање: Уште пред 10 години констатирано ми е со проверка на крвта дека д-димерите ми се на секое испитување од 2-4 пати поголеми од нормалните вредности, а железото ми е и до вредност 50. При тоа неколку пати примам од 14-16 инјекции за разредување на крвта. Прашањето ми е, дали смеам да се вакцинирам? Имам 75 години.

-Секако дека смеете да се вакцинирате. Само јас, исто така, би ви препорачал нешто за таа терапијата, што вие ја нарекувате дека е за разредување на крвта – тоа е антикоагулантна терапија што ви е дадена за контрола на д-димерите.

Значи, ако морате да продолжите да ја пиете, треба да обрнете внимание по вакцинирањето неколку дена, можеби до две недели, да не ви се појават модринки по кожата, да не ви се појави црна столица, крварење од непцето, гинеколошки крварења евентуално итн. Значи, смеете да се вакцинирате со било која вакцина.

Сања Александровска: Две недели по примена вакцина Спутник в направив ПЦР тест и излегов позитивна. Кога да ја примам втората доза?

-Има време за втората доза. Веројатно не сте се држеле баш до мерките, откако сте се вакцинирале со првата доза. После две-три недели дури некои антитела се создаваат кога ќе се даде првата доза, значи, не сте веднаш заштитени.

Тоа требало некој да ви го каже. За несреќа, ете, сте го фатиле вирусот. За втората доза… може да се случи воопшто да не треба втора доза. Значи, инфекцијата би одиграла улога на втора доза.

Но, препорачливо е таму некаде, кога ќе дојдат неколку дена пред терминот за втората доза, да направите серолошки тест, за да видите колку ви се ИгГ антителата и тогаш да се донесе одлука, ако не се доволни, да се даде и – би рекол – „трета“ доза, во наводници.

Адиле Рустеми: Почитуван, Ве молам сакам да знам дали можам да примам вакцина и која, бидејки имам прележан инфаркт на миокард, имам четири стента, сум со два мозочни удари, имам висок притисок, кој го регулирам со терапија.

Имам шеќерна болест на таблетарна терапија, глукофаж. Пијам антикоагулантна терапија синтром и аспирин, бидејќи имам тромбоза на нозете. Ве молам да ми одговорите дали можам да примам вакцина. Инаку, имам 69 години.

-Смеете да примите вакцина, секако, со тоа што би требало, заради терапијата со синтром, да водите сметка по примање на дозата на вакцина, да следите да не ви се јават модринки, крварења, црна столица како катран итн.

Значи, една будност поголема… Инаку, смеете да се вакцинирате. Јас само тука – настрана вашето прашање – би скренал внимание, да си побарате второ мислење за истовременото давање и на синтром и на аспирин. Едно со друго некако не оди. Би требало или едното или другото. Вака само се потенцираат ризиците за крва -рење. Но, консултирајте стручњак за таа работа.

Михаило Христов Почитуван др. Даниловски. Ќерка ми пред 28 години, како ученичка во гимназија имаше температура. Ја однесов во школска амбуланта и прими пеницилинска инјекција. По 5-7 минути ми рече: „Тато, не ми е добро, ми зујат ушите многу и не се чуствувам добро.

Јас веднаш реагирав кај докторката и тие ѝ ставија контра инјекција. Седевме скоро пола саат во амбулантата и сето тоа помина, фала му на Бога. И од тогаш пеницилинска терапија не прима. Прашањето е, дали смее да прими вакцина и која, ве молам, објаснете ми. Уште нешто заборавив.

Од време на време има главоболка мигрена. Ве молам, мислам ме сфативте за сѐ што напишав. Значи, дали смее да прими вакцина? Благодарам, да сте здрав и жив и среќен. Поздрав, Михаило од Битола

-Е, па, Битолчанец, нема проблем, ќерката смее да прими вакцина, од причина што во ниедна вакцина нема пеницилин, ниту било кој друг антибиотик. Така што, немајте гајле. Мигрената, пак, од своја страна, не е никаква причина за да не прими вакцина. Ќе си прими ќерката вакцина, но дури откако ќе ѝ дојде редот на нејзината возрасна група.

И последното прашање… Елизабета Марковска: Почитуван доктор Даниловски. Би замолила за Ваш совет. Имено, се работи за маж од 73 години, дијабетичар, три пати на ден прима инсулин, а на 26.02.2021 направена му е интервенција и вградени му се три бајпаса. За утре има добиено термин за вакцинација со Астра Зенека. Дали во овој момент е безбедно да се вакцинира?

-Дефинитивно е безбедно! Нека му е со среќа вакцината! Се прашувам само дали одговоров ќе стигне до вас на време. Инаку, нема проблем за вакцинирање.

Мина: Толку во оваа прилика. Останете спокојни и во добро здравје – доколку ме поканат – до наредната средба.

Др. Даниловски: Јас ти благодарам на помошта. Што би правел јас без тебе!? Што би правеле ние мажите без сопруги.

Мина: Ете така треба со жените. Треба да се умее со сопругите.

Др. Даниловски: Треба, Бога ми!

Погледнете го видеото:

Претходна статијаПрофесорката Ванковска пренесе сведоштво од групата за совети – солзи надоаѓаат од напишаното
Следна статијаВие што ни викате врати се од Дијаспора во МК па коментирај, сте мрднале ли од Скопје понатаму да видите како е