Професорката Ванковска пренесе сведоштво од групата за совети – солзи надоаѓаат од напишаното

0

Професорката Билјана Ванковска, пренесе искуство од членка на групата „Ковид искуства и совети“. Сведоштвото е навистина потре сно:

Фото: Јутјуб принтскрин

Ванковска: Срце да ти се скине – сведоштво на членка на ФБ групата за ковид искуства и совети:

Многу се мислев дали да пишам, ама додека сите си ќутиме, вакви работи ќе се случуваат. Ова може нема да го смени цел систем, ама можеби ќе допри до барем еден човек. Доста е.

Баба ми, здрава, права, витална, енергична жена фати ковид. За два дена ја ун -ишти. Губеше свест, сатурацијата паѓаше мн ниско и викнавме брза помош. Сега пошто само транспорт е, шоферот сам.

Го замоливме дали можи да ги спушти тие носилките да ја сместиме внатре, не смеел. Баба ми, срце да те здоболи ја влечкавме, ја тегневме дур да ја внесиме внатре, јас што можам 40 кила да поможам…

Шоферот ни поглед не даде. Во ред, тоа е човечност и нечовечност, сами си ја избираме, за тоа не е платен, не му е работа и човекот само си беше нечовечен. За него не е постов.

Матичната веднаш се јави во болница дека на пат е многу критичен пациент, да бидат спремни. Ја носиме, веќе без свест, изгубена, бледа… Пак го замоливме шоферот дали можи количката да ни ја даде од внатре во комбето да ја качиме до горе. И тоа не смеел.

Во ред, пак ја тегневме до горе. Таму, никој. Ни доктор ни сестра ни чистачка. Матичната пак се јави, ситуацијата стварно беше алармантна. Никој…

Баравме, ѕвоневме на ѕвончето, ѕвонеше матичната цело време и дојде една сестра која иако виде пред неа човек пред умирање, само се развика зошто таму сме ја оставиле не можела да поминува да си ја работи работата. И замина. Пак чекавме.

Се на се откако дојдовме со брзата помош додека не ја примат баба ми, чекавме 2 саати, а матичната се јави 100 пати. Смена имале, прва смена баш тогаш ќе си оделе и заборавиле да кажат на тие од втора.

Така лабаво како да ја заборавиле чешмата пуштена, си заминаа, а сто пати беа известени. По 1000 напори да се појави некој, конечно ја примија баба ми, ама еден човек крена револуција.

Како можи сега па баба ми преку ред. Како можел пациент донесен со брза помош, критичен и без свест да влези преку ред? Полиција ќе викал за неправдите што се случувале. Како било…

Првиот ден се јавуваме баба ми е во ред, стабилна, на кислородна поддршка, свесна. И вториот така. Супер ќе си се опорави ќе се врати дома ќе си ги прави сите адети за велигден, ќе оздрави дефинитивно.

Трет ден, јас си одам на работа, сигурна дека баба ми можеби веќе и оздравела, не се ни грижам. Во 14 часот морав да одам кај матичната да земам некои мои резултати.

Зорица, баба ти поч ина не ве исвестиле уште? Поч ина во 7 часот сабајле. ВО 7. А СЕГА Е 14 ЧАСОТ. Ме удри ш -ок. Не се ни сеќавам како изреагирав, како собрав сила да станам да заминам, да кажам на сите…

Да не бев сосема случајно до кај матичната, којзнае уште колку време ќе чекавме да ни кажат дека се упокоила. На бројот не се јавуваше никој пред тоа за да прашаме како е. Што правеле со телото на баба ми и каде ја чувале од 7 сабајле до 15 часот додека да се дознае?

Дали за свој човек така несериозно и незаинтересирано ќе се понашате драги сестри, доктори? Дали малце, трошка емпатија имате за пациентите, дали знаете дека тие тела имаат деца, внуци, семејство што се грижи? Уште колку време ќе чекавте да кажите дека поч -инала?

Многу несериозно, нечовечно, глупо и непрофесионално. Како да се работи за животно. Сега сфатив што сакале да кажат луѓето со тоа тешко тебе ако стигниш во нашата болница во Битола да лежиш.

Не е тешко тебе зошто си стигнал до таму да ти треба помош, тешко тебе со тие внатре. Чест на исклучоци нема, зошто немам запознаено. Сосема сум разочарана, едино што сакам е сега можност да можам да си одам од земјава.

Само, овие два дена се прашувам, колку животи ќе биле спасени само ако оние на кои им се поклонуваме и ги величиме само си ја работеа работата како што треба?“

Претходна статијаЗа Велигден не се одеше ниту во Банско, ниту во Грција, ниту на Златибор, овие денешниве имаат многу пари изгледа
Следна статијаПроф. Даниловски се огласи преку видео и одговори на прашањата и најголемите дилеми на граѓаните околу имунизацијата