Познатиот пејач неутешен по загубата на родителите: Боли многу, ептен

0

На средината на март оваа година, многу обожаватели на Сергеј Ќетковиќ беа тажни од веста за загубата на родителите на пејачот, Драгица и Слободан.

Неговиот татко, патем, си замина кратко по неговата мајка, што силно го погоди Сергеј.

И двајцата си заминаа од овој свет по компликации како последица од вирусот. Сергеј по завгубата на родителите го објави овој статус на Фејсбук и на Инстаграм.

– Колку и да се обидува човек да се подготви, колку и да е силен, не можете да се подготвите за некои работи.

Мислите, ќе биде доволно да земете здив и да го задржите што е можно подолго за да избегнете болка, но не. Не работи! Боли, боли и боли…

Тие ми велат дека сè ќе биде добро, дека тоа е процес, како и самиот живот… Во моментот кога ќе се разделите со вашите родители, ја сфаќате таа болна, студена вистина.

Дека повеќе не сте дете. Нема веќе родителска грижа, вознемиреност, радост, несебична љубов. Ги нема повеќе тие што ме донесоа на овој свет и оние што ме сакаа, ме бранеа и ме научија на живот.

Драга мајко, иако прва си замина од нас, одеднаш и без најава, знаев дека тато нема да те пушти сама. Сепак, вашите души се врзани за овој свет предолго време за да ви дозволат сами да ја прошетате таа последна прошетка.

Како што се заколнавте дека ќе се сакате пред 50 години и ќе бидете заедно додека с… не се раздели, овој пат ја победивте самата см…

Одлучивте да останете прегрнати во вечноста. Ви благодарам што денес плачеме за вашата добрина, несебична љубов, тажни што повеќе ве нема, а среќни што имавме такви родители и што ни оставивте толку убави спомени.

Сега, вози драг тато. Вози го твоето последно рели, собори го твојот последен рекорд знаејќи дека таа те чека таму на последниот свиок, заедно со насмевка да влезете во портите на рајот.

Ангелите нека ве чуваат под своите крилја и нека драгиот Бог ве прими во неговото небесно Царство. Нека ви е вечна слава и благодарам. Вашите синови Игор, Сергеј и Срѓан.

Драгица и Слободан си заминаа во рок од амо една недела. Денеска, познатиот црногосрки пејач, кој се смета за еден од најблагордарните личности на естрадата, откако со сопругата Кристина ги посвои ќерките Лола и Мила, на социјалните мрежи напипша:

Драги мои. Поминаа 40 дена од ненадејното заминување на моите родители. Празнината е голема, болката и загубата е преголема и претешка, но животот мора да продолжи.

Ви благодарам на сите за зборовите на утеха, сочувство и молитви со кои бевте со нас. Бескрајно сум ви благодарен. Ваш Сергеј.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаМи фалат Дади, Емин Унџел, Ванчо, солзи искрени: Познатата актерка од „Хихирику“ и „Македонски приказни“ откри што ѝ паѓа тешко
Следна статијаЛамбе има посебен повод за среќа и за славење во Америка (ФОТО)