Ламбе има посебен повод за среќа и за славење во Америка (ФОТО)

0

Ламбе Алабаковски беше и уште е еден од нашите најпопуларни пејачи, кој својата кариера ја започна на натпреварот за таленти „М2- потрага по ѕвезда“ со „Спаси ме“.

Во исто време, на истиот настан, своите кариера ги започнаа и Елена Ристеска, Туна, Фор Плеј. Девојките го обожаваа, а Ламбе по оваа песна редеше уште мноху хитови: „Море од солзи“, „Кажано е се“, „Врати ми го срцето“… Ламбе имаше успешна кариера и многу концерти.

Во 2013 година тој се ожени со неговата девојка Магдалена, македонка од САД. Набрзо потоа, Ламбе со Магдалена се пресели на Флорида, но никогаш не го заборави родниот крај, особено неговото село Љубојно во Преспа.

Додека живееше во Македонија, Ламбе освен со пеење имаше и семеен бизнис. Како и повеќето семејства од преспанскиот крај, и неговото се занимаваше со берба и со продажба на јаблка, и овој бизнис се уште одлично им оди.

Кон крајот на април минатата година година, македонскиот пејач стана татко по втор пат на синчето Димитриј, додека првиот син, Михаил се роди токму на роденденот на Ламбе, на 16 ноември во 2014 година.

Пред да се пресели во Америка, Ламбе со семејството живееше во Битола. Музички беше послабо активен. Во времето кога живееше во Битола, се занимаваше со фамилијарениот бизнис, продажбата на јаболката од семејниот имот.

– Навистина е радосно и истовремено одговорно да се биде родител, една благородна улога во животот . Тие се разлика пет години, па сега Михаил бара големи играчки а Димитриј сеуште не буди во ноќта за млеко.

Моментално имам своја мала компанија за транспорт. Тука се се работи и нема застанување. Со музика се занимавам само приватно дома и со пријателите.

Го завршив и факултетот, кој многу ми помага, но сепак подобро е да си свој газда на сопственото време и со своја фирма.

Тука се има, но само слободно време не. Мојата сопруга како и повеќето работи од дома, прво како добра домаќинка и мајка, па професионално со нејзината професија како медицински кодер на софтвер или како ли се вика по наше!

Ергенскиот живот не ми недостасува, но естрадата- да. Ми недостига, но сега сум со други приоритети во животот а музиката е во мене, таа не ми фали.

Таа е како дар од Бога, а подоцна кога ќе се посветам на некој проект би и се вратил на сцената, како одолжување кон својата публика, која верувам созрева како и мене низ животот.

Да не звучи клише но мојата сопруга ја љубам секој ден се повеќе а верувам и таа мене. Децата го зацврстуваат бракот и заедно ги поминуваме сите искушенија и проблеми кои ги носи животот“, изјави Ламбе на крајот од минатата година во интервју за ММС.

Ламбе сега ретко го има на социјалните мрежи и никогаш нема објавено што работи. Минатата година, тој сподели е обработка на неговата песна „Земјо моја“ на ученици од Гостивар, кои ја испејаа по повод празникот Св. Климент.

„Според мене успех е ако некогаш оставиш некое дело истото помладите генерации да го негуваат и почитуваат! Честит празник на св Климент Охридски прв архипастир Македонски!

Овие негови ученици од Гостивар, и денес го продолжија неговото дело и меѓудругото ја изведиа и песната “Земјо Моја” Ви Благодарам и се радувам.“, напиша Ламбе.

Пејачот сега е со сосема сменет имиџ, има доста пократка коса и брада кои одлично му стојат. Изгледа дека семејниот живот и претстојот на Флорида му годи. Ламбе е горд татко и споделува и фотографии од своите синови.

Неговиот син Димитриј наполни една година, а по тој повод Ламбе сподели прекрасна слика од помалиот син и објави дека Димитриј денес слави една година. Нека е жив и здрав!

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаПознатиот пејач неутешен по загубата на родителите: Боли многу, ептен
Следна статијаМи даде илјада евра и ме нахрани: Никола Којо раскажа досега непозната приказна за Жика од „Жикина династија“