Наум Петрески виде дека во Македонија од музика нема леб и реши да печали надвор

0

Познатиот фолк пејач, еден од најомилените на народот, Наум Петерски, во изминатава година често знаеше да ги коментира настаните со пандемијата и справувањето на властите со истата.

Околу поли-цискиот час кој беше воведен минатата година, тој рече:

„Поли-цискиов час можеби малку и ќе помогне, но ова со премногу бавно тестирање на заразените и нивните блиски контакти се одолжува, а со секој час расте бројот на новозаразените.

Мое мислење е дека со паричната помош или со кредитите што ќе ги земат, Владата да набави тестери за секој човек во државава, и така ќе има најсигурни резултати најбрзо потиснување и уни -штување на вирусот (со детектирање на кластерите).

Треба да има не само 14 центри кои не знаеме ни каде се за испитување, туку и мобилни центри кои ќе испитуваат темелно а не на „жими мајка“- имам температура“, рече Петрески коментирајќи ја општата ситуација во државата.

Потоа, тој за медиумите изјави дека е на езерото Глобочица цел месец и дека се релаксира со неговото омилено хоби, риболовот. Петрески е познат како голем љубител на риболовот.

Наум е татко на четири деца, Сања и Анастасија која е позната пејачка, ќерките од првиот брак. Од бракот со Зуица Лазова го има синот Стефан и ќерката Македонка.

Наум е веќе и дедо, речиси две години. Анастасија му ја донесе оваа голема среќа во март во 2019 година кога ја роди ќерката Андреа.

Инаку, и Анастасија е мажена за колега, а тоа е пејачот на групата „Биоритам“, Владимир Поповски. “Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми ја соопшти убавата вест.

Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Наум Петрески кога слушна дека Анастасија е бремена.

Во една прилика, Наум искрено раскажа колку му бил најголемиот бакшиш во кариерата. „Тоа беше многу одамна, во Вевчани се има случено, во кафанче помало од студиово, ресторанот го држеше мој пријател и сват во исто време, ептен другари сме.

И нè повика, имаше гости од Србија, од овде, од онде, генералниот директор беше на „Панонка“, и вечерта земавме некаде околу 12.000 тогашни марки и околу 3.500 швајцарски франци“, изјави Наум во емисијата Еден на Еден.

Откако почна пандемијата, музичарите се во тешка состојба поради немање ангажмани, и многумина од нив многу тешко живеат.

Наум беше гостин во ТВ магазинот „Бекстејџ“ и отворено раскажа од што живее во моментов и колку е во минус.

– Еве, јас ќе кажам дека финансиски за последнава година сум 60, 70 илјади евра во минус. Живееме со платата од жена ми и пензијата од мајка ми, меѓутоа тоа е… Потоа Наум рече дека од тие пари тешко се живее и дека едвај чека да им се врати на настапите.

Наум претходно кажа дека е навреден од одлуката на Владата на пејачите кои изминативе месеци имаа минимален број на настапи да им се исплати парична помош, две минимални плати од 21.776 денари. За Фокус, тој даде изјава дека не ја прифаќа оваа помош.

„По 34 години на естрадата, по повеќе од три децении пеење, што треба да направам, дали треба да менувам професија?

Да бев на почеток на кариера, никогаш не ќе вложев толку пари во музиката, за да можат сите да уживаат, туку ќе отворев фабрика. Тоа многумина го направија, па дури и по 1.000 луѓе им работат за минималец“, рече Наум за Фокус.

Петерски сега откако виде дека во Македонија „нема леб“ од музиката, реши да почне да печали во регионот. Наум објави видео во кое кое тој пее со боснаксиот музичар и комозитор Злаја Сјериќ.

Станува збор за една убава севдалинка која Наум од срце ја пее, „Врбас вода носила Јаблана“, која познатот пејач на севдалинки Сафет Исовиќ ја снимил во 1972 година. Наум изгледа дека доста ќе се посвети на промоцијата надвор од Македонија, а овој проект, тој на Фејсбук го најави:

-Злаја Сјериќ и пријателите во проектот Севдах за душата. Нешто старо, ама ново.“

Фото: Јутјуб принсткрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаНашиот пејач живот си живее во Америка: Холивудски бакнеж со саканата на плажа
Следна статијаМајка ми жена од 70 и кусур чека, а тие преку ред: Филе од Малта заедно со Ирена Ристиќ луто реагираа за имунизацијата на пратениците