Групата „Арија“ беше една од најпознатите групи кај нас, а станаа ептен популарни откако свиреа во емисиите на Драган Вучиќ, со многу ѕвезди од екс Ју естрадата.
Тие снимија и свои песни, а едни од нив се „Срце од стакло“ и „Само Господ е сведок“ кои ги испеа Орце Димитровски кој во групата свиреше гитара.
Арија има снимено и дует со Лила Филиповска, и тоа во времето кога Орце ѝ беше сопруг на Лила.
Лила Филиповска двапати вплови во брачните води, еднаш со таткото на нејзиниот син Филип а потоа и со Орце Димитровски гитаристот од групата „Арија“.
Изгледа дека Лила повеќе не верува во брак, а доказ за тоа е една фотографија што ја прикачи на социјалната мрежа Инстаграм.
„Ако видите кај мене некој прекрасен статус што го слави бракот и слично, да знаете дека ми го хакирале профилот“ е цитатот во кој се пронајде убавата водителка и симпатично се пошегува со своите следачи“, објави порталот momentt.mk
Орце, кој освен штои е музичар е и IT инжинер пред извесно време со својата сопруга Билјана ја напушти Македонија и се пресели во Холандија.
Тој сега живее во Амстердам со својата сопруга Билјана и со двете ќерки и работи во компјутерска фирма.
Гитарата, Орце ја користи само кога сака да запее за своја душа. Сопругата на Орце, судејќи според фотографиите одлично изгледа. Таа е магистер по економски науки.
-Уште на почетокот од нашиот брак, и двајцата бевме поборници за живот надвор од Македонија. Но, откако ја добивме нашата прва ќерка, одлуката беше неизбежна.
Обезбедувањето поквалитетен живот за своето дете ги надмина сите стравови и предизвици. Единственото прашање беше: Каде?“, изјавија Орце и Билјана за vezilkamagazine.com
Компанијата во која моментално работам, Palo Alto, е една од најголемите компании за информатичка безбедност во светот. Јас бев доовлно среќен и упорен да поиминам неколку години во кои добивав различни водови унапредувања“, изјави Орце во истиот медиум.
Орце раскажа дека музиката му недостасува, но не и начинот на живот кој го имал во Македонија, зшто било тешко да се одржува балансот помеѓу приватниот и музичкиот живот.
Tој е сега татко на две ќерки Каиа и Бјанка и според сликите на социјалните мрежи, тие се среќно семејство кое времето обожува да го поминува во природа и на прошетки.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин