Маж ми го испративме кога бев трети месец бремена, мајка ми ме тераше да се чистам, свекрвата ме молеше да не го правам тоа

0

Тој беше мојата прва љубов, мојата вистинска љубов која само еднаш во животот може да ви се случи. Се сакавме искрено и многу и без размислување се веривме. Вереникот ми наст рада кога бев трети месец од бременоста. Планиравме свадба за три месеци зошто порано не можевме.

Беше многу тажно и пот-ресно, некоја пија-на будала ми ја одзеде љубовта, со кого сакав да го поминам животот. Шо-кот ми беше голем, останав без него, а неговото дете ми растеше во стомакот. Го сакав, премногу го сакав…ама имав само 19 години.

Моите веднаш се собраа на фамилијарен состанок и ме седнаа за да ме советуваат. Тие сметаа дека сум премногу млада и дека треба да продолжам со животот, зошто сè уште немам родено, не ми се ни познава стомакот, не сум ни била ниту мажена. Никој ништо не знаел за мене, како ништо да не ми се случило.

Секако, на почетокот ќе ми било тешко, ја разбирале мојата тага, ама требало да мислам на иднината. Пред мене бил животот и уште многу работи сум имала да направам. Ме учеа дека требало да си го завршам факултетот, дека понатаму ќе сум си нашла ново момче и ќе сум заборавела на сè што сега се случило.

Мајка ми ми‘ раскажа случка за некоја нејзина колешка, настан кој се случил пред многу години. Кога биле млади, нејзината пријателка заедно со мажот и двете деца биле заминати на патување, но им се случила нас-реќа слична на мојот сакан вереник.

Од целиот настан преживе-ала само пријателката на мајка ми, едвај. Завршила во болница каде поминала многу долго време поради повре-дите. А потоа уште многу години не се вратила на работа, бидејќи морала да помине физикална рехабилитација за да се врати назад во функција.

Но, животот за неа не завршил, напротив. Таа нашла нов маж и родила нови деца. Основала ново семејство и сега била многу среќна, а сето лошо го оставила зад себе.

Мајка ми го искористи примерот со нејзината колешка за да ми укаже како и јас исто така, треба да го продолжам животот. Како ништо да не се случило. како да не постоел тој…

Мојот вереник беше многу убав, беше многу добар, го сакав неизмерно и многу ми недостигаше. Не можев да верувам дека повеќе го нема. Како да заборавам на него? Како да заборавам дека некогаш постоел, дека ми значеше сè во мојот живот? Како да заборавам дека се топив во неговата прегратка…

Мајка ми веднаш за десет дена ми договорила средба на гинеколог за да се исчистам, меѓутоа, неговата мајка, мојата несудена свекрва ме викна на гости и ме молеше да не правам такво нешто, туку да го донесам на свет нејзиниот внук, нејзиниот наследник, нешто што ќе остане од нејзиниот син.

Бев рас-пната како на крст, ама на крај сепак одлучив да го родам ова дете, зошто од првиот момент многу го засакав. Секојпат кога ќе допрев стомакот, чувствува дека таа малечка точка е целата наша љубов. Имав стра шни кавги со мајка ми, а невидена поддршка од мојата несудена свекрва.

И да не должам, на крајот родив здрав и преубав син кој потполно ми ја врати вербата и надежта во животот. Денес син ми има шест години и сум пресреќна што не ја послушав мајка ми и што не донесов погрешна одлука. Можеби немаше да знам, но ако знаев каква радост ќе ми донесе ова дете, многу ќе се каев.

Пред две години навистина се омажив за друг маж, кој син ми веднаш го прифати како свое дете.

Од друга страна, мојата несудена свекрва ниеднаш не ми го заврти грбот и максимално ми помагаше не само за внукот, туку и на мене, воопшто за било што да ми затребаше.

Колку и да изгледаше дека мојот живот е завршен, сепак денес има некој смисол… Најдов сили и продолжив понатаму, а којзнае што ќе се случеше ако постапев поинаку…

И.П. ФОТО: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама.

Претходна статијаДа бидеме реални – она што го прави матичниот д-р Ненад Лазаров, можат и други да го направат, ама не го прават
Следна статијаПесна на легендарниот Кемал Монтено крие емотивна приказна поврзана со македонски музичар