Живеам со мајка ми која уште многу одамна се развела од татко ми. Него не сум го видела од малечка, никогаш не дошол да ме види, а не плаќа ниту алиментација.
Многу малку знам за него, всушност, кога ќе размислам, не знам ништо за него, зошто мајка ми никогаш не зборува за него.
Инаку, мајка ми е жена домаќинка, како и повеќето жени си води домаќинки живот. Наставничка е по Географија и работи на замена, ама сите партии ја лажеа дека ќе ја вработат ако земе книшка и пак, никој не ја вработи. Никогаш нема работено во училиште, зошто нема познанства и пријатели на високи позиции.
И затоа, за некако да преживееме, таа мора да работи што ќе најде. И јас некогаш „фаќам“ по некоја работа на диво, работам речиси за бадијала, ама секогаш си велам, ако не врне, барем нешто ќе капне и некако малку ќе и‘ помогнам на мајка ми за да ги отплати сметките.
За среќа најде работа во една пекарница. Платата е едвај за преживување и за да заштеди на храна, додека држи смена таа ги собираше остатоците од храна што гостите не ја дојале и ги носеше дома.
На почетокот ми беше гадно тоа да го јадам, ама со текот на време на се навикнав. Понекогаш се наоѓаа и цели недопрени парчиња, луѓето порачале повече, па не можеле да дојадат.
Пред околу месец дена, дома ни дојде сосетката на кафе и знаејќи дека сме социјален случај, кога виде толку развидни кифли на масата, се зачуди и ја праша мајка ми од каде ни се.
Мајка ми се усрами и рече дека газдата бил многу фин човек и она што немало да се продаде дента им го делел на вработените. Ама мајка ми е како отворен буквар, не може ништо да скрие од лицето. Веднаш се вцрви целата до ушите и како да подголтна кнедла.
Неколку дена после тоа, додека мама беше на работа, во пекарницата дошла баш оваа сосетка, и тука пред газдата го испофалила него за тоа што им ги полнел кесите на вработените со храна, па демек замолила и за нејзе некогаш да и давале зошто имала куче.
Газдата нормално се шо-кирал кога го слушнал сето тоа и многу се налутил. Кога ја тргнал мајка ми на страна за да му објасни какви се тоа кеси полни со храна, мајка ми од срам му рекла дека таа самата си земала, односно дека кра-дела од кифлите и другите печива.
И нормално, веднаш добила отказ. Го разбирам човекот, после такво признание секој исто би постапил.
Но не ја разбирам мајка ми, зошто толку и било срам да ја признае вистината. Полесно и било да каже дека „кра-де“, отколку да признае дека дома нема леб за јадење?
После неколку дена, газдата и се јави да се врати на работа. На човекот му паднало сомнително, зошто дотогаш имал добро мислење за мајка ми и многу се изненадил кога дознал за краж-бата, па зел и ги прегледал видео снимките од надзорната камера и тогаш видел дека таа не кра-де, туку ги собира остатоците од храна.
Мајка ми мораше сè да му објасни во каква состојба сме и дека сме во немаштија, па тој се сожалил и и’ рекол дека на крајот од смената може да си земе сè што ќе посака од она што ќе остане и веќе да не ги собира остатоците од храна, бидејќи тоа не е хигиенски.
Еве, и ден денес не можам да поверувам дека некој се сожалил врз нас двете, дека некој ни пружил помош, зошто откако знам за себе ова не ни се има случено.
И.П. Фото: Илустрација
Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама