Докторот Вело Марковски стана пејач – ја препеа Налеј, Налеј

0

Докторот Вело Марковски е еден од неколкуте лекари, кои со своите медиумски настапи се истакна во оваа пандемиска криза, особено на нејзиниот почеток, пред повеќе од една година.

Неговото прво интервју, од почетокот на пандемијата, во кој се осврна на употребата на респираторите, стана особено популарно во целиот регион.

Неговите ставови и изјави предизвикуваа особено внимание, коментари и реакции во јавноста, но не само во нашата држава, туку и пошироко.

Но по политичкиот ангажман, во ВМРО-ДПМНЕ, каде беше кооптиран во највисокото раководство на партијата, Извршниот комитет, како да го снема од медиумите. Тој својата активност ја продолжи повремено, на социјалните мрежи.

Токму таму, д-р Вело Марковски известува и за неговите приватни настани, бидејќи, како и за секоја јавна личност, така и за Вело многумина ги интересира и неговиот приватен живот.

Вело Марковски е во втор брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната.

Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.

Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Токму на својата убава сопруга, Вело Марковски и напиша песна, насловена како „Те Сакам“. Истата е објавена на Јутјуб, а тој самиот ја сподели на својот профил на фејсбук. Во продолжение може да го проследите текстот на песната во која што вели:

„Ако имав доволно фантазија, ако бев уметник со префинет вкус или зограф како моите предци, ако верував на логиката, ако бев Бог што создава. Или поет со продорни мисли ќе те замислев баш тебе.

Ако секој миг те посакував и желбата силно ја праќав во Универзумот, ќе посакав ти да ме сакаш. Среќа, награда или судбина, не ми е важно што е, ама убаво ми е да слушам како опише.

Сакам кога ми пееш, најубава си кога се смееш, учиш бељот и тенис. Само да бидеш поблиску домене. За тебе сум најдобриот пејач, подобар тенисер од Ѓоковиќ.

Шах играм подобро од Корчној и секако идниот нобеловец. Умнице моја, еј мило. Понекогаш само Евгенија. Понекогаш „лошата моја, или она погрдото кога ме победуваш.

Нефертита или само ангелче. Убави ти се сите имиња. Сепак најубавото од сите тие – на Павле мајката.

Автор, Дрм, кој е многу верен и кој мисли затоа што три пати спиел во малото на Рацин, смее да пишува песни.“

Денес доктор Вело Марковски повторно ги изненади своите фанови на социјалните мрежи. Тој постави статус со линк до видео на Јутјуб и гордо изјавува дека ја снимил својата прва песна, а притоа дава поддршка на уставобранителите:

Песната и изведбата на д-р Вело МАрковски, можете да ја слушнете ТУКА

Претходна статијаЃорѓе ме сакаше убава и сиромашна: Оливера Балашевиќ за прв пат едвај проговори за својот сопруг по загубата
Следна статијаМајка ми работеше во бурекџилница – газдата ја истера зошто собираше остатоци во кеса и ни носеше дома