Ирена Спасовска се налути и им упати порака на оние кои ја критикуваат (ФОТО)

0

Ирена Спасовска е една од нашите најпознати фолк-пејачки, која покрај песната, убликата ја прилкеува и со својот изглед.

Таа неодамна изјави дека го нашла совршениот начин како да ја ослободи негативната енергија.

Во изминатава година кога послабо имаше настапи, Спасовска раскажа дека за малку ќе паднела во деп -ресија, но спортот ја одржал.

„Кризата нè погоди најмногу нас, естрадните уметници и да бидам искрена за да не западнам во меланхолија, многу ми помогна тоа што возев по два часа часа велосипед на ден, и целата негативна енергија ја ослободував преку возењето.

Нашата работа е специфична, бара контуинирано работење и не трпи подолго излегување од колосек.

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

„Секое утро, пијам свеж лимон со пола литар топла вода“, вели Ирена за својот ритуал. Пред речиси три години, Ирена и нејзиниот поранешен сопруг се разделија по 13 години врска. Пејачката сега малку зборува за својот љубовен живот.

„Ме прашуваат дали сум вљубена… Секако дека сум вљубена, љубовта е двигател на сите нешта, така што да, љубовта е присутна околу мене во сите облици“, одговара пејачката за Женски магазин.

Спасовска се покажа и како добра домаќинка, па за Василица објави слика од василичарското диетално лепче и напиша: „Идеална диетална храна за детокс на организмот после празниците е лепчетп без брашно од цели изртени зрна.

Од хумусот со различни вкусови го преферирам пикантниот и есенскиот“, рече Ирена. Потоа, готвеше здрава храна и кај нејзината стара пријателка и колешка Адријана Алачки, со која ја започнаа музичката кариера како дуо, во емисијата „Вкусот на традицијата“.

„Вегетаријански специјалитето, лазањи со тиква и полнети и печени компири. Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент во оваа емисија“, напиша Ирена на Фејсбук.

Неодамна, таа сподели интересна порака на Фејсбук: Никогаш не се врти наназад. Таму е сè без промена. Убав ден пријатели.

Ирена во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела.

Сите тие, сега заработуваат на овој начин. Откако пејачите слабо настапуваат, таа на Фејсбук рекламира разни производи кои ги конзумира и во кои ужива.

Станува збор за здрави напитоци, салони за убавина, ресторани, салон за мебел, па дури и кломпи. Таа на Фејсбук им упати порака на сите оние кои ја критикуваат. Објавувајќи своја фотографија, Ирена напиша:

– Во инает на моите мразачи и годините што доаѓаат се чувствувам помладо дури и од пред петнаесет години. Ќе му пркосам на времето со мојата ведрина, духовност и виталност“, напиша пејачката.

Фото: Фејсбук принстсктин, Инстаграм принтскрин

Претходна статијаСе струполи на една удолница и многу лошо падна, викаше дури: Сеќавање на Ненад Стојановски
Следна статијаСевeрина се огласи со повод: Драга моја 49-та, седни малку, ние две да помуабетиме