Гавазова испеа скапа песна „на пишанка“, домаќинот немаше да ѝ плати

0

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Како што е познато, фолк пејачката Сузана Гавазова по шест години живот во Шведска, се врати во Македонија.

Со сопругот Јасмин и со ќеркичките ќе живее во Скопје и ќе ја продолжи својата кариера на домашен терен.

Струмичанката која беше една од најактуелните фолк пејачки на почетокот на 2000 – те години ја изненади јавноста кога пред шест години раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска.

Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Сè се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

Во септември минатата година, Сузе објави лут статус во кој вели дека е изморена од негативни коментари на нејзиниот Фејсбук профил:

– Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе..Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија.

Сите негативни , препотентни, нечувствителни, безобразни и безобзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни.

А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста..

Ви благодарам на убавите зборови, ве сакам, бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас“ напиша Гавазова.

Сузана Гавазова гостуваше во емисијата Имат-немат на ИН Тв од Австралија. Емисијата всушност се снима во Македонија и ја води глумецот и водител Жанко Зш.

Приказната се одвива во кафеана, а Жанко и Сузе истераа ептен домаќински муабет.

– Чест ми направи што ми дојде во кафанава, јадење, пиење од мене“, ѝ рече Жанко. „Се има јадење, пијање…“, рече Сузе. „По пат убаво си помина“, ја праша Жанко.

-Супер, алеку, но вредеше“, рече Сузе. „Некое песниче, ама од поскапине ќе не почастиш, гостинка си ми во кафанава, ама..“

„Најскапа, за Гоцета ќе испеам“, рече Гавазова. „Може за Гоцета, додаде водителот, ама со запишување, немаме сега. Ќе запишам колку кошта што кошта, па кога ќе дојдат подобри времиња после 20-30 години, внуци правнуци ќе ти платат“, рече Жанко.

Фото: Фејсбук принтскрин, Инстаграм принстрин

Претходна статијаЌерката на најубавата глумица од цела Југа е како модел, дури поубава од мајка си
Следна статијаПолека малку, чекајте – мора ли сега да се оди по фризери, маникири, одмори, да се лета со авиони, да се ака по кафулиња