Елена Ристеска: Ме измамија, сега ја кажувам вистината

0

Елена Ристеска неодамна гостуваше во шоуто „Опуштено“ со Тони Михајловски и раскажа доста интересни нешта од својата кариера и приватен живот.

Кога Тони ја праша како си, Елена рече: „За првпат по долго време опуштено. Кога си посветен на нова прикзна и професија, како што во мојот случај беше козметиката, најдобрата опција е да се посветите максимално на таа приказна“, рече пејачката.

– Отсекогаш сум сакала да бидам револуционрна. Дали во музиката или во она што ќе си го замислам, сакам да го направам на биде уникатно во оваа наша државичка.

Кога ќе сфатиш дека имаш слободно време бидејќи ги редуцираш настапите, ги бираш, зголемуваш цена малкуцка, не сакаш секаде да пееш…

Со оглед на тоа дека имаш помалку ангажмани, спонзорски договори во годината, ти останува повеќе време за нешто друго, Нешто да правиш, ама сакав нешто корисно да правам“, рече Елена за почетоците на козметичкиот бренд.

Сакав да направм нешто, што моето име ќе го продава мојот бренд. Со години наназад, продавав туѓи брендови. Зошто скоро 20 години работам за туѓи брендови, зошто да не направам нешто свое?

Интересно е коку има нарачки од надвор. Од Америка да речеме каде што живеат Македонци. Најсатисфакциониот момент ми е од Америка. Не нови клиенти, туку оние коишто претходно се задоволни купуваат парфем за брат, за девојка…“, додаде Елена.

Потоа, Тони Михајловски ја искоментира Евровизија, а Елена Ристеска рече: Да не си му во кожа на детето. „Нејчам да сум во кожа, не. Бог да чува, зошто да сум му јас во кожа, ти да си му во кожа“, рече Тони.

-Мислам дека Васил не е виновен колку што е виновна политика на соседот“, рече Тони. „Мене тоа да ти кажам…, 16 државјанства нека има…“, рече Елена и истакна дека секогаш за нешто споредно ни е важно. „Ама ти отиде на Евровозија со еден пасош“, рече Тони.

Таа во интервју за Женски магазин раскажа како била изма-мена.

-Не жалам за ништо во поглед на професионалниот дел од мојот живот од оние нешта што се случиле, но, жалам за оние кои не се случиле.

Жалам што не правев повеќе големи концерти како тој во Метрополис Арената, бидејќи обожавателите секогаш го бараа тоа од мене, потоа мислам дека иако имам доволно песни и меѓу нив хитови, сепак требаше да направам повеќе албуми и повеќе музика.

Додека се фокусирав на небитни нешта и луѓе во приватниот живот, го изгубив времето за да создавам повеќе музика. Ќе се потрудам во иднина да го променам тоа и дека еден ден нема да жалам за ништо.

Бидејќи сум перфекционист и голем анализатор , долго размислувам пред секоја одлука. Но, се случувало тоа некој да одлучи за мене погрешно кога не сум била сама во бизнисот. Како на пример одлука за концерт на голем христијански празник.

Или кога пред неколку години бев излажана дека ќе пеам на “Бела ноќ” а всушност беше настан со политички контекст, и на крај се сведе на ситуација “ме-ч со две оштрици”, ниту да се откажам од настанот ниту да се појавам.

Сепак се појавив на настанот како голем професионалец поради публиката која ме очекуваше, и секако никогаш никој не дозна дека тоа не беше моја одлука туку тешка игра на поединци.

Игра во која најдебелиот крај го извлеков јас , но и мои колеги, добивајќи разни пораки со уж а-сен контекст, а сепак луѓето не ја знаеја вистината, оваа вистина. За кој настан станува збор тој што треба ќе сфати. Како и да е, тоа беше туѓа лага , но не моја грешка“, откри пејачката.

Фото:Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЦела година ми помина со апаратот за притисок во рака: Сестрата на нашиот познат пејач раскажа за својата борба
Следна статијаНашата згодна манекенка и водителка Мартина слави, ги покажа сопругот и ќерката (ФОТО)