На 4 мај ќе се наврши точнио една година откако овој свет го напушти познатиот водител, музичар и шоумен Драган Вучиќ.
Драган си замина на 4 мај на Инфективната клиника од Скопје, како последица на вирусот. Многумина го нарекуваа број еден шоумен и музичар и формула за успех. Во многу нешта во шоу бизнисот, тој беше прв.
Вучиќ патеше од дијабетес и неговиот организам тешко го поднел вирусот. „Драган имаше благо покачена температура три – четири дена. Со оглед на пандемијата на Ковид 19, решивме дека треба да се тестира, да бидеме на сигурно со дијагнозата.
Тестот за жал, беше позитивен. Кога температурата започна да надминува над 38,5 степени, тој беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Во меѓувреме, и јас се тестирав, иако немав симптоми. И мојот тест се покажа позитивен на вирусот.
Ја започнавме нашата битка со новиот и недоволно познат неп ријател, со вирус кој е доста сериозен и не смее да се потценува неговата моќ. Драган добиваше кислородна поддршка на клиниката, јас престојував дома, се слушавме телефонски, си разменувавме пораки.
По една недела на клиника, тој ја изгуби битката, почина од компликации од вирусот“, изјави за „Фокус“ неговата сопруга Весна Вучиќ.
Поради прописите поврзани со болеста, таа морала да остане дома, во изолација и не присуствуваше на неговото последно испраќање.
-Мартин и неговата сопруга, блиски луѓе и пријатели, отидоа да го испратат Драган на последното патување. Во тоа време, додека траеше погре-бот, излегов на прозор. Под прозорот се собрале моите добри другарки, моите драги личности кои во едни вакви услови, нови за целото човештво, на свој начин ми ја дадоа својата поддршка и ми покажаа дека се покрај мене.
Преблагодарна сум им, не знам како ќе ги поминев тие моменти, додека син ми го испраќаше својот татко, ако ги немав нив, да ме утешат“, изјави Весна Вучиќ за Фокус.
Едно од последните појавувања на ТВ на Вучиќ му беше кај Жаре во емисијата „Еден на Еден“, само неколку дена пред да се разболи од вирусот:
„Во последно време станав пратеник. Само ме праќаат де на пазар, де овде-онде“, раскажа Драган во видеото со кое сакаше да порача дека треба да се седи дома како заштита од вирусот.
Послледното снимање на Вучиќ за домашен медиум беше емисијата „Ќе го јадеш“ со Димитар Атанасовски. Таму на шеговит начин Драган зборуваше за својот живот.
„Еднаш за Осми март ми се случи, пејам јас и одам во тоалет, и во машко веце ми се приближува една стварно убава битолчанка, и нормално, непристоен предлог: кој ти е бројот на собата?“ Така Драган му раскажа на Димитар.
„За некого беше музичариште, за некого басист бр1, за некого шоумен, за некого композиториште…. За мене секогаш ТАТКО над татковците!“, изјави на својот Фејсбук профил Мартин Вучиќ за татко му.
Весна Вучиќ, познатата новинарка се нема огласено во јавноста по загубата на сопругот. Таа неколку пати на својот Фејсбук профил апелираше до сите луѓе да ноат маски и да држат дистанца.
„Јас носам маска на јавни места“. (Како и со маска, како и без маска) јас стојам на 2 метри растојание од вас. Јас постојано ги мијам / чистам рацете!
Сакам да знаете дека ве почитувам, затоа што можам да бидам асимптоматски и да го пренесувам / и да ве заразам со вирусот. Не,… не живеам во ст рав од вирусот! Само сакам да бидам дел од решението, а не дел од проблемот“, е пораката што таа ја упати на Фејсбук.
Весна Вучиќ постојано им дава поддршка на македонските здравствени работници и споделува нивни изјави. Но, она што е нејзината најголема гордост е синот Мартин, кој е директор на ансамблот „Танец“. Весна сподели фотографија од 72. роденден на оваа наша гордост која ја води токму нејзиниот син Мартин, на кој Драган многу се гордееше.
Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин