Денис: Јас им земам брис, а тие ми велат: Ма нема везе ова

0

Денис Јанкуловски е вработен во здравствениот систем, во делот кој има директен контакт со потенцијални ковид позитивни. Тој оди во домашна посета и зема брисеви за тестирање.

Денис вчера најави дека се сели на нова локација, ќе биде во салата Борис Трајковски, каде што од понеделник ќе започне имунизацијата.

Денис е активен на социјалните мрежи. тој секое утро, пред работа се вклучува во живо на својот профил на социјалните мрежи и пее, со што внесува позитивен дух во денот, за себе, но и за оние кои го пратат на фејсбук.

Денис завчера повторно, по којзнае кој пат проговори со што сè се сретнува во текот на неговата работа и апелира дека пандемијата треба да се сфати сериозно:

„Денко, бабата што и зема брис вчера…….поч ина„. „Само да ве известам дека мајка ми поч ина, не издржа, сепак ви благодарам што дојдовте“

„Денко, мајка ми се упокои, инаку негативна испадна. Фала колега“ 50 поч инати. Да ги чуваме заедно постарите, многу брзо, понекогаш дури и неверојатно брзо едноставно ги снемува, ги губиме.

Денес се најмногу лица над 60 години. Нјаосетливи се, колку и да ги пазиме, колку и да се пазиме очигледно доволно е сосема малку за голема беља.

Факт е дека од нив има и кои и сами не се пазат, дури и ден денес додека им земам брис ми велат дека ма нема врска ова. Им велам дека не е доволно нивните деца и внуци да се грижат за нив, џабе е ако и тие не внимаваат.

Што е право на тоа премолчуваат. И нема што да кажат, се надевам дека тоа стига до нив.

Во овие 14тина месеци гледам многу тага, слушам за премногу човечки загуби во едно семејство. Да се разбереме, и минус еден во семејството е многу повеќе од загуба. А двајца? А тројца? Да, да, има и тоа, за жал.

Сите мора да разбереме дека само ЗАЕДНО и СОВЕСНО можеме да ја прекинеме оваа голгота, оваа во многу домови присутна агонија. Еднострано ништо не дава резултат. Кога велам еднострано не мислам само на еден дел од народот кој беспрекорно почитува мерки.

Се додека очекуваме само „од некого“ тешко ќе оди. Или да спиеме на тоа уво дека „тие се таму за тоа“ и „тие треба да решат“. Да, точно е сето тоа, најмногу се очекува од нив. Но и ние не смееме да не правиме ништо или па одиме контра.

А исто факт е дека и тој „некого“ може и мора многу повеќе да направи затоа што сите овие огромни бројки на заразени и особено големите бројки на поч инати се одамна поразителни и секојдневно се поболни и поут епувачки.

Траорни атмосфери, солзи и црнила…….премногу за една година а навлеговме и во втората со појачано темпо. Критикувам секого што е за критика, кој и да е. Сите да прават тоа што треба. И народот и државата.

Затоа што: Што е доста, многу е!! Ќе издржиме, мора да издржиме, лу дило е, маки и тегоби. Ете, ни се погоди токму ние, сите ние, на различнини начини да го кркаме стапот. А стапов долг у бестрага, како крај да нема.

А има. И затоа ајде уште еднаш да апелираме за поголема свесност и поголема функционалност и одлучност од сите кои имаат „чварки на рамењата“. И утре да имаме само бројки на заразени. Договорено?“

Претходна статијаНе се измислици ова што ќе го раскажам – детето како да ми е опседнато
Следна статијаСека Алексиќ откри од што ја спасил сопругот Вељко