Дац за жена му: Од твојот роденден па се до мојот, ќе бидат затворени обложувалниците

0

Драган Спасов- Дац, е еден од домашните најпознати актери, со бројни театарски и ТВ улоги, долги години миленик на публиката. Во неговата филмографија се запишани и успешно одиграните ликови во ТВ и многу филмски проекти.

Меѓу нив се: „До балчак“, „Тврдокорни“, „Тркало на среќата“, „Македонски народни приказни“, „Обични луѓе“, „Хихирику“, „Време за плачење“, „Салон Хармони“, „Грев или шприцер“, „Крик на немиот Индијанец“, „Време, живот“, „Македонија може“, „За трошка среќа“, „Ѕвездите на 42-та“, „Трето доба“, „Случки од животот“ и незаборавната „Бушава азбука“.

Во последно време, тој е актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Најголем хит им е „Уште ми фалиш“, а според оваа песна се вика и емисијата која се емитуваше на Јутјуб, во која разни познати личности од повеќе сфери раскажуваат свои приказни од детството, од младоста, но и пеат како дел од сценариото.

Дац често пишува интересни статуси на Фејсбук, а таков беше и еден неодамна: Гледам една женска на клупа во парк и се гледаме како да сме вак цинирани. Јас почнувам муабет… Кои витамини пиеш?

Таа вели срамежливо, највеќе сакам витамин Ц од 1000 и витамин Д 4000 интернационални единици. Јас онака охрабрен и викам, Селен пиеш?

Вели понекогаш од 100тка… И така се шмекаме некое време и јас вадам Аспирин 100тка. Кога го виде се попали и ми вели каде ќе одиме, кај мене или кај тебе? Јас и велам, одиме кај мене вчера озонирав. Се воодушеви, само што не потрча.

Дојдовме до кај мене, легнавме, опнавме по еден Цинк 30ка и онака гледаме во таванот, а она ми вика ептен срамежливо, да не имаш Иве рмек -тин случајно?

Јас и викам како не, со еден аптекар имавме задно лежено во болница и од тогаш сме многу блиски, правиме муабет на еден метар дистанца.

На еден метар! Викна од среќа и ја симна маската, визирот и заштитната облека. Земи ме, викна! И јас ја земав и ја однесов дома!… Она мене маска ќе ми вади во моја куќа! Додуша и негативен бев, “таму доле”, рече актерот.

Познато е дека Дац е семеен човек и во неколку наврати има споменато колку ја сака својата сопруга Весна. Во една прилика, објавувајќи слика со жена му, тој напиша: Најубавите очи се оние кои те гледаат со љубов, бојата нема врска.

Дац, на оригинален начин ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга: Се сум ти кажал, се знаеш… но, ќе те потсеќам вечно. Среќен роденден убавице моја. Псссст, чувај ги нашите тајни засекогаш.

По повод осми март, тој ѝ упати романтични зброви на својата Весна: „Мојот Осми март, мојот роденден и мојата Нова година. Мојот цел живот!“, напиша актерот.

Уште една романтична, оригинална честитка, Дац напиша денес, по повод роденденот на сопругата.

Среќен роденден моја животна сопатничке! Од твојот роденден па се до мојот, ќе бидат затворени обложувалниците. Aма не е важно и без тоа те сакам. Да си жива и здрава уште многу децении!“, напиша Дац за својата Весна.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПродајте си ги јахтите и викендиците, не сте за жалење: Фејсбук статусот на Васка ги налути музичарите
Следна статијаПознатата водителка ужива на Малдивите, го покажа совршеното тело, изгледа како да не родила дете