Продајте си ги јахтите и викендиците, не сте за жалење: Фејсбук статусот на Васка ги налути музичарите

0

Угостителските објекти од денеска се затворени за посетители и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер, за носење.

На сличен начин ќе работат и обложувалниците, а отворени остануваат и казината. Угостителите ја поддржуваат владината одлука да бидат затворени на две недели, но велат дека веќе не можат да се носат со штетите.

Поради ваквата состојба ќе бидат приморани да ги отпуштат работниците.

„Дел од угостителите нефункционалните вработени кои нема да можат да ги искористат во овој момент ќе бараат начин како да ги рационализираат трошоците односно да дојде до нивно напуштање од работа или отпуштања.

Тоа ќе генерира нов бран невработени, но овој пат тоа е реално, бидејќи нема гаранција колку ќе трае, а секое задолжување нема разбирање нигде, фрчат извршители, присилни наплати, со што угостителство е во незавидна ситуација.“ изјави Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

Од кога почна пандемијата, ова е второ затворање на угостителските објекти. Првото се случи на 15 март минатата година, и остана на сила се до 28 мај.

Весна Маневска од Скопје напиша статус во кој вели дека не ги жали ниту угостителите, ниту музичарите. Познатите остро реагираа на објавата на Васка Маневска.

– Како бе најпогедни, како? Пејачиве имаа по 3-4 свирки неделно+ свадби, па не беа под 2.000 е вра месечно. Тек оние што лапаа кеш по дијаспора.

Угостителите, хм. Од пакување кафе со 100 кафиња во едно, купено за 1.200 денари, заработено 10.000 денари.

Продајте си ги бе јахтите, викендиците, брзите коли и мотори. Намалете со швалерките.

Што да кажат жемине во текстилната индустрија, м?“, напиша Маневска на Фејсбук.

 

Диџејот Маријан Мац Петровски, кој е сега лаборант, на Васка ѝ порача:

 

Васке Васке … кога водиш рачун за другите ВОДИ И ЗА СЕБЕ. Пошто после ова .. ПРВА ќе се паркираш во кафана или по кафичите на сонце кафе да пиеш .. и РУКЕ ГОРЕ ТОООО ЦЕЦООО ќе се дереш.

Зошто бе Васке зоштооооо … гледај го своето дворче. МАКЕДОНШТИНА .. ЗА СИТЕ ГЛЕДАТЕ А НЕ ЗА СЕБЕ.
Некој има дарба за музика .. ама некој за АЛАПАЧА“, порача Мац.

Порака за Васка, имаше и Владимир Блажев- Панчо од ДНК:

Баш си размислував која од јахтите да ја продадам. ВаскаПобеди, напиша тој и ја сподели објавата.

Фото: Freepic, Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаКога се возам со автобус, потоа морам да му објаснувам дали сум стоела до некој маж и дали тој „си го трљал“ од мене
Следна статијаДац за жена му: Од твојот роденден па се до мојот, ќе бидат затворени обложувалниците