Беше кралица на екс Ју сцената, го загуби сопругот, а сега има 57 години и уште изгледа како девојче (ФОТО)

0

Ја паметите ли Сања Долежал, една од најубавите пејачки во поранешна Југославија која пееше во групата Нови Фосили?

Таа be[e пејачка на групата „Нови фосили“ од 1983 до 1991 година и повторно од 2005 година годинa. Таа постигна голем успех со групата, сними албуми кои продадоа стотици илјади копии и настапи на распродадени концерти.

На Евровизија во 1987 година, „Нови фосили“ ја изведоа песната „Јас сam za ples“ и го освои 4-то место со 92 поени.

По напуштањето на „Нови фосили“, таа сними три соло албуми. Таа имаше улога на новинар во музичкото ТВ шоу „Je l’me netko tražio“, за кое ја отпеа истоимената воведна песна. Таа е водител на ток-шоуто „Сања“ на РТЛ од 2004 година.

Таа е поранешна водителка на утринската програма на ХРТ. Сања беше водителка на РТЛ од декември 2016 година. Таа работи на Нова ТВ од јануари 2018 година.

-Работам прилог во состав на една Лајф-стајл мозаик емисија, која се вика „Ин магазин“. Продуцентите од Тв „Нова“ сакаа една жена која не е професионална готвачка, туку пејачка, која на еден свој начин ќе им дава совети на младите домаќинки за готвење.

Јас готвам веќе 35 години, тоа го научив од мајка ми. Тоа не е тајна, дека сакам да готвам и дека сакам да јадам“, изјави таа во едно интервју.

Таа има две деца од упокоениот сопруг Ненад Шариќ, кој беше тапанар во групата Нови Фосили.

Ќерка ми е сега во Лондон, таа студира на џез-академија, а синот се определи на сосема нешто друго. Тој е во Загреб и студира математика.

Лука има 27 години, а Леа 26. Тие се веќе свои луѓе, се одвоија од мене, живееме одделно, но како мајка, ќе се грижам цел живот за нив и ќе ги советувам за се што треба.

Она што често им го зборував, а им го зборувам и сега е: памет во глава. Младоста е нетрпелива. Кога сме млади, се сакаме веднаш.

Секоја одлука треба да се преспие, треба малку памет пред да се донесе. Тоа ги учам моите деца“, додаде Сања.

Сања за својот драг сопруг, кoј си замина како последица на мозоч-ен удар во мај во 2012 година, вака зборува:

-Велат дека времето ги лекува раните, но не е така. Тоа само ти помага полесно да живееш со загубата. Како што времето поминува, се повеќе спомени на Ненад имам. Најмногу го паметам неговото смеење.

Неговата насмевка секогаш ќе ме грее. Секогаш, кога тој беше во друштво, друштвото беше многу весело. А она што секогаш ќе не спојува, тоа се нашите деца.

Сања Долежал сега има 57 години и често објавува природни слики на својот Инстаграм профил.

Имено, со објавување на фотографии на социјалните мрежи каде позира без никаква шминка, таа го привлекоа вниманието на нејзините следбеници кои беа воодушевени од нејзиниот природен изглед.

Најдобар филтер е природата – напиша кратко и јасно Долежал, а следбениците имаа само пофалби за нејзиниот изглед.

– Природна, убава како и секогаш – напиша еден. „Нашата убавина“, додаде друг.

Фото: Инстаграм пронтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаШенка Колозова се повлече на село: Коси трева, сече дрвја и се сеќава на Ѓорѓи
Следна статијаЖаре од Еден на еден прозборе за тоа кога ќе се жени