Лепа Брена е една од најпопуларните и најдобрите пејачки на овие простори, но, во една прилика, таа за себеси раскажа во што е многу лоша.
-Јас сум многу лоша готвачка. Многу сум подобра организаторка. Готвам само ако морам или ако децата ми побараат. Инаку, знам сè да готвам“, изјави Брена.
Таа раскажа за своето детство во Босна и Херцегодина, во градчет Брчко каде што пораснала. Детството не ѝ било многу лесно.
-Кога бевме мали, мајка ми не учеше да месиме леб, за да не мораме надвор да одиме да купуваме кога беа силни зими.
Навечер месевме леб за да го имаме свеж за на сабајле, а преку ден правевме мекици и пити.
И ако ме прашате кој е најубавиот спомен кој веќе на себе си не можам да си го дозволам, тоа е да го замесам лебот навечер, утредента да го испечам, и потоа да го јадам со домашен путер и со оној познат џем од сливи кој во себе ги имаше и лушпите.
Некои можеби претпоставуваат дека денес нашата куќа мириса на парфеми и на некои вештачки мириси, но сепак, нашиот дом најмногу мириса на храна.
Големо семејство сме, сакаме да се собереме на маса и заедно да јадеме, тоа ни е традиција, само што јас некако се научив да живеам под рачна кочиница поради љубовта кон мојата работа и поради почитта кон моето здравје.
Во овие години, треба многу повеќе да се негуваме“, рече Брена која со Боба Живојиновиќ прослави 29 години брак.
– Мислам дека на овие наши простори е многу здодевно ако речете дека живеете еден нормален живот. И тие написи се нешто што ги одржува читателите на порталите. На таквите луѓе не им е интересно ништо што е нормално.
А ние сме едно нормално и здодевно семејство. Медиумите нека си работат својата работа, ние нема да демантираме“, рече Лепа Брена за Женски магазин во една прилика.
Таа ретко знае во јавност да го пофали својот сопруг Боба, но кога ќе го пофали, тоа е со многу убав опис.
– Тој е една многу комплексна личност. Тој ги научи нашите деца дека ако сакаат да бидат хедонисти, во тој случај треба да заработат доволно пари за да можат да живеат таков живот.
Ги научивме дека од нас го наследиле брендот, името и презимето на своите родители, а својот бренд и почитувањето од луѓето ќе мораат самите да си го изградат. Ако сакаат да живеат богато, треба да ги засукаат ракавите.
Нашите синови се добри момчиња, но Боба е едноставно човек кој страстно ужива во својот живот, сака големи ангажмани и големи дела. Она што кај него е карактеристично е тоа што не сака да се експонира во она кое што го постигнал“, рече Брена за својот Боба.
Фото: Инстаграм принтскрин