Спенџарска се пофали со специјално роденденско изненадување (ФОТО)

0

Водителката Јелена Спенџарска во последно време споделува свои лични приказни на Инстаграм кои се интересни за нејзините следбеници.

На почетокот од 2021 година, таа се огласи на Инстаграм и откри неколку интересни работи:

– Ооооо Боже каква година…!!! Ми требаше малку време да се средам и да се обидам да ја сумирам во неколку реченици, па затоа нема да должам многу и ќе се обидам да скратам.

2020 беше далеку поразлична од сите претходни. Не очекувавме ваква година ама ете… преживеавме и без разлика дали го сакаме ние тоа или не, тешко дека ќе ја заборавиме.

Не би сакала да бидам скромна во овој пост и искрено сакам да кажам дека и покрај сите искушенија, 2020 за мене беше волшебна!!!

Поубава не можеше!! Во само една година ми се исполнија најголемите три желби кои си ги посакував од мноооооогу одамна, а добив дури и многу повеќе! Еве само дел:

-Добив виза за Америка, ги спакував куферите и заминав во градот на ангелите, LA !

Поминав две незаборавни недели во Калифорнија, земја која промени од корен некои мои ставови за животот и создаде во мене желба повторно да се вратам таму и да биде за мнооогу подолго (if you know what i mean)

-Го посетив Париз, беше втор на мојата dream destinations листа, имав феноменална екипа со мене, јадев и пиев во магични рандом мали локали на среде улица и искрено, морам да се вратам тука повторно, да изнајмам станче на последниот спрат од тие нивните преубави градби и да си поживеам барем месец дена.

-Нооо, си купив станче!!! Во Скопје. Yeeee!!! Нова граба, топ локација каква што си замислував од мала.

Поголем дел од парите кои ги заработив преку инста си ги вложив тука и здравје Боже при крајот на годината ќе се вселам. Премногу сум возбудена луѓе, горам од желба да си создадам свое катче.

-За време на карантин си запознав човек кој ме направи уште посреќна и со кој имаме опасно добри планови за во иднина. Прочитав мноооогу книги кои ми го дадоа клучот за успешно живеење и ме направија горда на себе и своите избори.

Почнав да медитирам скоро секоја вечер (life changing!). Почнав да пишувам дневник и не ми се верува (сериозно) колку покреативен човек ме направи оваа навика. Работата на инстаграм порасна за 10000% и ми донесе предобри договори со кои ќе ве изненадам за многу брзо“, откри Спенџарска.

Водителката денес има повод за славење, својот роденден. Таа на социјалните мрежи за пофали со убавиот подарок кој го добила, роденденски балони на кои пишува: Среќен роденден Јелена и торта, но не кажа од кого ѝ е.

Ѕидот на Фејсбук ѝ е преполн со честики, па така, не можејќи да се заблагодари на сите поединечнио, таа упати една групна благорарница.

Да сте живи и здрави сите, благодарам на убавите зборови и СЕ дупло да ви се враќа“, напиша Јелена.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаДодека естрадата е во долгови, српскиот пејач си купи два стана во Грција, на омиленото место на Македонците
Следна статијаМинистерот Филипче ги смири граѓаните кои се имунизираа во Србија