Познатата пејачка откри дали би му пеела на Заев за пензионирање

0

Тони Михајловски повторно се врати на ТВ екраните како водител на неговото познато шоу „Опуштено“, кое сега има нов концепт и се вика „Опуштено со Тони“.

Во првата емисија, гостинка му беше пејачката Нина Јанева- Николовски.

Тони ја праша Нина која е нејзината примарна професија, на што таа одговори: Имам CV од некои 10-11 страни, имам повеќе работни места и повеќе правци работено во животот.

Човечки ресурси, организација на настани, протокол, маркетинг, ПР, продажба и така натака. „О, кај нас комерцијалистите премиери стануваат. Далеку ќе дотуркаш ти“, ѝ одговори Тони.

– Мене детскиот сон ми беше да бидам првата жена Претседател на Република Македонија. Не е доцна, и тоа после 40, јас имам 34 ипол“, рече Нина Јанева.

Таа додаде дека сепак би се занимавала само со музика, а потоа рече дека на нејзината ќерка Арија би ѝ дозволила да се занимава со музика, но само надвор од Македонија.

– Сите музичари кои имаат завршено Академија ќе се сложат дека она што најмногу го љубиш, и она што треба да излезе од таа љубов што ја носиш во себе према таа струка, ти се смрачува и смачува кога ќе видиш дека треба да се мачиш за да го извадиш тоа, и да пројде некако така.

Затоа што кафаните и турбо-фолкот си го направија своето. Мене ми е јасно дека ние сме нација, Балканците се нација којашто си сака таква весељачка атмосфера каде што јас како музичар не сум се пронашла да го изведувам тоа.

Сакам да слушам пејач што пее народно како пее народно. Не можам јас да пеам хеви метал или народно кога едноставно не се пронаоѓам во тоа.

Во моментот сум во некоја пауза од музиката, да се посветам на домашното. На Арија, на Александар, на моите, на неговите“, рече пејачката и раскажа кое е најчудното и најнезгодното место на кое настапувала.

– Беше тоа некоја свадба во некој ресторан скопски, и цел ден ми беше лош од сосема една приватна друга работа, и почнуваме ние, народен бенд, забавен бенд, се знае како одат народно и забавно на една свадба.

И мислам дека беше некој роднина од страна на невестата, дојде до бината, застана.

Ние свиревме некоја поп-рок песна. Почна да вика, да се дере нешто. Јас не го слушнав од музиката, и се наведнувам да го слушнам што вика, ама нервозен, напнат. „Ѓав-оли, дем-они“.

Ништо не ни беше јасно, ама кога заврши сето тоа, дојде некој и ни кажа дека е постар човек, и оваа музика за него била агр-есивна и прегласна“, раскажа Нина.

– Како ќе го искоментраш моментот дека на вас музичарите ви е забрането година дена на настапувте? И тоа како да сте најголемите ширачи на вируси нели..

А на пример на прослава на локални избори во Штип, таму си има добра журка, а дистанцата е на загрљај сведена..“, ја праша Тони гостинката.

– И тоа само на нас ни е забрането. Работат фитнес центрите.. Дистанцата е, нема потреба од две клупи.. З-ло е тоа што го направија, ако веќе затвараш, затвори за сите.

Не можеш ти да отвориш туристичка сезона, за хотели, за базени, за отворени, затворени базени. Ајде, изборите ги тргам на страна, ма да и тие спаѓаат во тоа.

Вирусот после 6 искача или после 9. Пред тоа го нема? Многу од луѓето што ги познавам коишто се во музиката се по некоја случајност цели фамилии во угостителство.

Дел од угостителите и музичарите ги оставија буквално на раб на преживување. После 4-5 месеци почнаа да се формираат некои угоситетлски комори. Музичарите сега се актуелни, протестите, се надевам дека ќе постигнат нешто.

Еден музичар којшто работи строго свадби, треба да си отсутен од дома колку: 3,4, 5 12 часа во денот, секој викенд? Значи еден мора да остане дома со детето, децата, родител постар.

Никој не го интересита тоа, никој не го гледа тоа. Дали тој еден што работи дома веќе не работи.

Па, нешто некои ваучери, глупости. Што да правам бе дечки со 6.000 денари во месецот? Еве, не идам на фризер, не идам на шминкер, не идам на ова, кажете ми што попрво со шест илјади денари?

Што правиме со луѓето коишто плаќаат кирија, кои што купуваат пелени и млеко секој трет ден како на пример јас? Да си барам спонзорство за пелени ако не.

Реално, стварно излеговме како да сме веќе заболени. Сите музичари не смеат да пеат во наредните три години. Ако ја отворат и нареднава тусристчка сезона, нема да пропееме до 2038.

Има големи објекти угоститетлски каде што може да има и до пет метра дистанца помеѓу бендот и гостинот“, рече музичарката.

Потоа Тони ѝ го постави следново прашање на Нина: Која песна би ѝ ја испеала на роденденската прослава на премиерот? „На сегашниот премиер“, одговори таа. „Па, ајде нека биде. А, ќе се пензионира ли?“, одговори Тони. „Не знам“, рече пејачката.

– Не би прифатила да пеам. Дволично е. Да ми се јават од СДСМ или до било која друга партија во којашто јас не верувам и немам иста идеологија, што е нормално да немаш ти исти сфаќања со сите.

Дволично е од мене да прифатам хонорар од илјади евра за да му направам забава или журка на некој којшто не ми значи ништо“.

– А, песна, која би била фиктивна? Мене сега ми доаѓа прво: „Све је лаж“, ама тоа би било многу директно“, рече Тони Михајловски. Целиот разговор со Тони и Нина можете да го погледнете ТУКА. 

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаШто можат да проговорат Меган и Хари и што зборувале во минатото Чарлс, Дајана и останатите од семејството
Следна статијаДац на романтичен оригинален начин ѝ честиташе роденден на својата сопруга