Што можат да проговорат Меган и Хари и што зборувале во минатото Чарлс, Дајана и останатите од семејството

0

Во очи на официјалната промоција на интервјуто во кое Меган и Хари гостуваат кај Опра Винфри, се очекува да разговараат за разни теми, па и околу односите во кралското семејство.

Затоа еден дел од јавноста и експертите се плашат од тоа, дека можат да кажат нешто, што би изразило непочитување кон бабата на Хари, кралицата Елизабета Втора, пишува „Гардијан“. Уште повеќе што досега се покажало дека кога членовите на кралските семејства се пред ТВ-камерите – не оди сè според планот.

Фото: Јутјуб принтскрин

Принцот Чарлс во 1994 година

Исповедта за прељубата на принцот од Велс ја запрепасти британската нација, а принцот Филип беше бесен поради интервјуто со Димблеби, неговиот официјален биограф, две години по разводот со принцезата Дајана.

Фото: Јутјуб принтскрин

За аферата на Чарлс со Камил Паркер – која денес е негова сопруга – долго време се шпекулираше во јавноста и медиумите, но за идниот крал беше сосема сосема нормално на времето да го признае тоа.

Фото: Јутјуб принтскрин

Димлби го праша Чарлс дали се обидел да биде „верен и чесен“ на неговата сопруга. „Да, апсолутно“, одговори принцот.

– А, ти беше тоа? – Да … И двајцата се обидовме, сè додека (нашата врска) не се прекине неповратно.

Фото: Јутјуб принтскрин

Набргу потоа, телефонското истражување на „Сан“, откри дека две третини од анкетираните, сметаа дека Чарлс е несоодветен за крал. „Гардијан“ наведува дека најпрво Чарлс не сметал дека треба да ја спомне својата прељуба, но очигледно подоцна го убедиле да го стори тоа затоа што тоа ќе добие симпатии во јавноста.

Фото: Јутјуб принтскрин

Последиците беа сериозни, настрана фактот дека доведоа до славното, контра- интервју на принцезата Дијана.

Принцезата Дијана и Мартин Башир 1995 година

Гореспоменатото интервју што принцезата го даде за Би-Би-Си беше дури и поконтроверзно од тоа на Чарлс. Се проценува дека 22,8 милиони луѓе ја следеле нејзината приказна за бракот, нарушувањата во исхраната и можноста нејзиниот сопруг да стане крал.

Фото: Јутјуб принтскрин

„Мислам дека никој од нас не го знае одговорот на тоа прашање“, рече Дијана.

„Очигледно е прашање што си го поставуваат сите. Но, кој знае каква судбина ќе произлезе, какви околности ќе предизвика … Отсекогаш сум била во конфликт со него кога зборуваме за тоа и го разбирам тоа затоа што тоа е мошне тешка улога, да се биде принц на Велс, но улогата на кралот е уште поголема.

Фото: Јутјуб принтскрин

Дајана призна и вонбрачна врска со офицерот на гардата Џејмс Хјуит.

„Дали мислите дека г-ѓа Паркер играше улога во распадот на вашиот брак?”, Праша Башир.

„Па, во овој брак бевме тројца, па имаше малку гужва“, одговори Дијана по паузата, а оваа изјава подоцна стана позната.

Фото: Јутјуб принтскрин

На изненадување на Бакингемската палата, таа зборуваше и за постпартална депресија и сам опов -редување.

„Да, си нанесов себеси (по -вреди), не се сакав себе си“, признала таа.

Еден месец подоцна, палатата објави дека кралицата Елизабета испратила писмо во кое ги советува принцот и принцезата од Велс да се разведат.

Фото: Јутјуб принтскрин

Во 54-минутното интервју емитувано во ноември 1995 година, Дијана зборуваше и за нејзините рани очекувања во врска со бракот и за тоа како „очајно сакаше да успее“, со позадината на разводот на нејзините родители.

Фото: Јутјуб принтскрин

Поради постојаното внимание на медиумите, како што рече таа, се чувствувала многу непријатно. Не и се допаѓаше вниманието што го стекна поради статусот на нејзиниот сопруг и се чувствуваше олеснето кога остана бремена.

Но, по раѓањето на Вилијам, таа страдаше од постпартална депресија, поради што некои ја нарекуваа нестабилна или ментално неурамнотежена.

Фото: Јутјуб принтскрин

Таа разви нарушување во исхраната, почна да се, што само се влоши со односот на Чарлс со Камила. Дајана изјави дека не сака развод, но сепак бракот заврши во 1996 година. Таа сметаше дека никогаш нема да стане кралица, ниту дека луѓето ја сакаат како таква.

„Би сакала да бидам кралица на човечките срца, во срцата на луѓето“, истакна таа.

Фото: Јутјуб принтскрин

Војвотката од Јорк и Мајкл Ашер 2018 година

Сара Фергусон, војвотката од Јорк, драматично го напушти интервјуто откако водителот ја праша за инци дентот во 2010 година, кога беше објавено дека таа наводно му понудила „лажен шеик“ пристап на нејзиниот сопруг принцот Ендру за 500.000 фунти.

Фото: Јутјуб принтскрин

Не знаејќи дека станува збор за местенка, новинар на „тајна задача“ рече: „Јас можам да ја отворам која сакаш врата и ќе го сторам тоа за тебе“.

Кога Ашер ја принуди повторно да ја слуша снимката, „Ферги“ ги сврте очите.

„Не пробувај со тие трикови“, му рече таа и го замоли да го избрише „тој дел“.

„Што повеќе да кажам, што повеќе да кажам“, додаде таа и го напушти снимањето.

Принцот Ендру и Емили Маитлис 2019 година.

Фото: Јутјуб принтскрин

Познатото катастрофално интервју на принцот Ендру за Би-Би-Си не му помогна на синот на кралицата да ја отстрани дамката од неговото име поради неговото пријателство со Џефри Епштајн.

Иако Ендру сметаше дека сè оди како што треба, по ова интервју тој беше принуден да се повлече од јавниот живот во догледна иднина.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ендру призна дека не жали за пријателството со Епштајн, додавајќи дека нивната врска има „многу сериозни придобивки“.

Да потсетиме, принцот е осомничен дека ја напствувал малолетничката Вирџинија Робертс, која ја запознал преку Епштајн и неговата мадам Максвел.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој ја бранеше својата одлука да остане пријател со Епштајн во 2010 година. Ендру објасни дека сака лично да го прекине нивното пријателство, со цел да „покаже лидерство“.

Принцот Ендру

Ендру ги негираше обвинувањата на Вирџинија. Таа претходно објави во јавноста дека е принудена да има односи со принцот и дека претходно играле во ноќен клуб, каде тој постојано се потел.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ендру негираше дека имале однос и тврдеше дека има здравствена состојба поради која не може да го прави тоа. Синот на кралицата Елизабета изјави дека не можел да има  односи со Вирџинија затоа што таа вечер беше со неговата ќерка Беатрис на роденденската забава во „Пица експрес“ во Вокинг.

Фото: Јутјуб принтскрин

– Пиеше алкохол. Пиев водка. Потоа ме замоли да танцувам. Тој е најлошиот танчер што сум го видела во животот – рече Вирџинија. – Тој се потеше над мене, како да му капеше потта насекаде. Не ми беше сеедно, но знаев дека мора да го направам среќен, затоа што тоа го очекуваа Џефри и Гилен од мене.

Фото: Јутјуб принтскрин

Таа додаде дека следниот ден, Гилен ја потчукнал по грбот и и рекол: „Вие навистина го направивте среќен“.

Претходна статијаСол на рана ставате, малку повеќе осет: Познатата писателка одржа лекција во статус
Следна статијаПознатата пејачка откри дали би му пеела на Заев за пензионирање