Се јави пејачот Зоран Ванев од Швајцарија и упати порака и апел до сите Македонци

0

Зоран Ванев, познатиот македонски пејач на фолк-музика, народот го засака откако ја испеа познатата „Ангела, Ангела“, која и денес се пее на сите веселби, кај нас и во целата дијаспора.

Ванев во едно интервју зборуваше токму за песните кои како што рече го вивнале во музичкото небо.

Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан. ​

–Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години.

После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е, има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.

Лила се пушта, Моника, Танга, Бања Лука, значи доста хитови. Има пејачи во Србија кои долго пеат, а немаат толку хитови колку јас што направив со два или три албума.

Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.

Во истото интервју, тој најави дека наскоро сите Македонци ќе ги изненади со една убава македонска патриотска песна. Но, пејачот кој е родум од Штип, веќе години наназд се има повлечено од музиката, и работи нешто сосема друго.

Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет.

Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

„Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.

Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.

Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев за „Фокус“.

Пејачот раскажа дека се занимава со лекување на сите врсти на болести без ограничување, и оти се консултира со доктори од школската медицина секогаш кога му е потребно.

-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно.

Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот“, рече пејачот.

Ванев сега на своите Фејсбук профили кои ги има неколку, често споделува производи со кои ги лечи пациентите.

Тој минатата година, пред почетокот на пандемијата објави слики од егзотично место каде што одмараше со својот син и напиша дека е во рајот.

Но, Ванев упати и порака за сите Македонци, со која го поддржа пописот на население во дијаспората.

Тој спдоели линк од апликација со која сите Македонци од дијаспората можат да се попишат од странство преку веб страницата popis2021 на која стои: Ти си повеќе од бројка, УЧЕСТВУВАЈ!

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВнуката на Зафир Хаџиманов, Марта, со тажна приказна се прости од својот дедо
Следна статијаЃоко Ѓорчев раскажа како работел во фабрика и како Пепи Бафтировски му помогнал во животот