Тапанарот Драгоjуб Ѓуришиќ (68) го напушти овој свет денеска вчера во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, како последица на корона вирус.
Ѓуришиќ беше тапанар на „Леб и Сол“ често доаѓаше во Скопје, и соработуваше со многу македонски музичари.
Тој последниве години свиреше со Здравко Чолиќ за време на паузите на неговите концерти, заедно со младите тапанари од неговото школо и му успеваше да ја развесели публиката ширум регинонот.
Во текот на февруари со денови имал висока температура, па решил да побара медицинска помош.
Состојбата му се влошила пред пет дена, и е трнат од респиратори, и за жал вчера ја загуби битката.
Музичката сцена остана без уште еден одличен музичар. Легендарниот тапанар живеел во изолација во последно време.
Пред нешто помалку од еден месец, тој беше многу потресен од веста за заминувањето на Ѓорѓе Балашевиќ, со кого соработуваше неколку години.
– Не можам да верувам дека си замина најталентираниот Југословен. Тој беше одличен имитатор, текстописец, тој прв започна со ангажирани текстови во време кога тоа на сите им го замеруваа, заради Тито.
Мојата соработка и пријателство со него беше посебен квалитет на живот, со години бевме на иста страна за доброто на овој народ, но, за жал, народот не го разбираше добро.
Откако еднаш не можеше да дојде до збор од мене, тој рече: „Кога Драгољуб Ѓуришиќ ќе дојде до збор, секое радио може да земе слободен ден“. – рече тогаш Ѓуришиќ за „Новости“.
Горд сум што во 1993 година работев со него на албумот „Еден од тие животи“, на кој песната „Провицијалка“ е посветена на неговата најголема љубов.
Ако Ѓоле не ја сретнеше Оливера, прашањето е дали ќе имаше вакви песни.
Неговата љубов кон Оливера е недопрена и возвишена, тој не бараше реципроцитет во љубовта, само сакаше. Тој беше среќен поради тоа и најде сè во неа.
Колку филозофии на животот ни претстави во своите песни, на пример во „Ćaletova pesma“, е чиста животна филозофија – изјави тогаш Ѓуришиќ.
Фото: Јутјуб принтскрин