Дац: Во Драмски закачија знаме на ВМРО, па донесоа поголемо знаме од СДСМ

0

Во време на пандемијата, последнава година, претставите во нашите театари беа многу ретка, а сега откако бројките на забол-ени се зголемуваат, многу претстави се одложени.

На официјалната страница на Драмскиот театар во Скопје, пишува дека се одложени сите претстави кои беа најавени до крајот на овој месец.

Актерот Драган Спасов -Дац тагувајќи по убавите времиња во неговиот Драмски, сподели еден емотивен спомен.

На Фејсбук страницата на Дац и на Александар Митевсвски, музичарот и актерот секој ден, по 22 часот, во време на полициски час пишуваат интересни приказни кои се врзани за нивни важни спомени.

Дац пред неколку дена ја спомена Билјана Беличанец, а Митевски Тоше Проески и уште неколку негови колеги.

– Драмски театар од секогаш бил синоним за добри претстави, добри глумци, добра дружба и добри штосови.

По цели денови знаевме да бидеме во театарот, проба преку ден, проба попладне и претстава навечер. Буквално живеевме во нашиот втор дом.

После една утринска проба, а чекајќи втора попладневна седевме во интерното бифе кое излегува на пациото (тоа е оној отворен простор во средината на театарот).

Некој одеднаш дојде и закачи знаме на “ВМРО” и почна зезање на тема – политика. Додека паѓаа вицови на име на партијата, некој донесе поголемо знаме од “СДСМ”.

Тука почна општо смеење и зезање, која е поголема партија, зошто знамето на “СДСМ” е поголемо…

Тогаш во пациото се појави тогашниот директор Димитар Станковски и кога ги виде знамињата, почна веднаш да врти по телефони и да бара знаме од “ДА” (Демократска Алтернатива) чии член беше тој самиот.

За кратко време донесоа знаме на “ДА” кое беше големо колку цело пацио.

Сите урлавме од смеење, и тоа траеше додека некој не донесе од реквизита Југословенско знаме и слика од Јосип Броз Тито.

Настана штама и сите како договорени, станавме и почнавме да ја пееме химната “Хеј Словени”.

Настана делириум од смеење а Диме каков што беше духовит, се насмеа и рече: “Ајде вадете тоа знамињата и сликата, зашто ќе ме избркаат од работа.”

Мојот Драмски, како и сите театри во земјава живуркаат со претстави и публика поради пандемијава.

Го чекаме времето кога повторно во преполното гледалиште
ќе се слушнат овации и смеење од срце.

А ние на сцената ќе се поклонуваме долго, долго… Дружбата мора да продолжи!“, порача Дац.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПред неполн месец тагуваше по својот пријател Балашевиќ, сега и тој го напушти овој свет
Следна статијаПетар Колев: Гарванлиев, не си ти виновен за тоа што дел од нашето општество е полно со комплекси