Поминувам покрај вратата каде што живеевме, но празно е: Адријана Алачки со срцепарателна посвета

0

Познатата пејачка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ е горда на своите успеси, приватни и професионални.

Адријана Алачки е горда мајка на две деца, Грациела и Благоја. Синот Благоја ја побара своја избраничка за жена минатата година, и за тој убав повод, среќната свекрва се пофали на Фејсбук:

– Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите ни шани…

Да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие, да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг.

Да им е полна куќата со дечиња….честитки деца мои златни! Лина Киркова и Благоја Алачки. Од Бога да сте благословени“, напиша таа за синот и за идната снаа.

Адријана со љубов зборува за својата внука Јана, на која неодамна ѝ го честиташе роденденот. Пред неколку дена, Грациела прослави роденден, а Адријана со емотивни зборови ја опиша својата ќерка.

– Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите ни шани.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице. Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…Многу те сака мама!

Среќо моја, гордост моја!“, напиша Алачки за ќерката. Потоа сподели уште една објава за која раскажува за нејзината мака пред да ја донесе на свет Грациела која е мажена за музичарот Игор Димовски.

– Среќен роденден сонце мајкино. На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував.

Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно.

Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек.

И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..

Затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика.

И тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена“, напиша Алачки.

Алачки сега се сети на своите упокоени родители и напиша срцепарателна објава:

Единствени мои, Јас ја имав таа среќа да бидете мои родители, што и да напишам нема да Ве опише, оти нема такви зборови.

Вие бевте посебни и со огромна душа како амбар, за сите имавте место, што ли душа носевте, од Вас многумина учеа што е ,, ЧОВЕК”…

Ми недостигате со секој нов ден, се повеќе и повеќе, се што сум денес е Ваша заслуга, од Вас научив што е семејство, пожртвуваност, љубов, почитување, дарежливост, милост, жалост….

Секој ден поминувам покрај вратата каде што ги живеевме среќните денови сите заедно, нозете сами ми oдеа натаму, ќе ја отворев вратата и доволно ми беше да Ве видам само, тоа ми даваше сила…

Сега истите скали ги минувам, истата врата, навратувам понекогаш во истиот дом, но празно е СЕ внатре, само фотографиите, старите украси и миленциња што мајка ми ги штиркаше.

Старите перничиња плетени на рака, спомените и грижата на совест што не поминува, од ден на ден е поголема што можеби несакајќи ве повредив а не ми кажавте…и немав доволно време за Вас..

Родителот секогаш ќе Ви простува, но ќе биде страшно кога самите нема да си простите, затоа преслушајте го секој збор пред да Ви излезе од устата, најдете време за малку внимание и топол збор пред да биде доцна за се… Ве сакам со секој атом од мојата душа. Почи -вајте во мир!“, напиша Адријана.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаМажиштето мое Балканско го слушам збори со мајка му: Еве мамо, правам салата, Соња си чепка по телефонот
Следна статијаОва се синот и снаата на Дино Мерлин, имаат интересна животна приказна