Еден од најпознатите пејачи во поранешна Југославија, легендата Мишо Ковач има богата кариера, но и семејна случка која засекогаш му го одбележа животниот тек.
По стапките на Мишо тргна неговата ќерка Ивана, која е успешна пејачка во Хрватска. Ивана, Мишо и нејзината мајка Анита го загубија синот Еди во 1992 година.
Како 16-годишник, Еди се пријави во специјална единица на хрватските Шкорпиони.
Во пролетта истата година, тој си замина од овој свет под чудни околности, од про -стр ел во глава. Анита верува дека тој бил дел од политичка игра.
Тешки-те моменти ги обележуваат животите на многу луѓе, а ќерката на Мишо Ковач, Ивана помина низ слични околности.
Таа почувствува што значи животот како зависник од д р -ога, но таа сепак излезе од тоа.
Ивана започна да ја конзумира, кон крајот на 90-тите. Тоа беше период кога Мишо, скршен од тагата за синот, се обиде да си го одземе животот.
Деп ре -сивен од загубата на неговиот син, Мишо се борел со години, а тој се обидел да си пресуди во 1999 година.
Сепак, семејството брзо го пронајде и спасија. Тој момент ѝ беше тежок на Ивана, затоа што неколку години претходно го загуби и сопствениот брат.
Утехата ја најде во најголемиот порок на денешницата, а прва што забележа дека нешто не е во ред е нејзината мајка Анита.
Бидејќи не сакаа да го загубат и ова свое дете, Мишо и Анита се потрудија да ја извлечат. Две години беше во комуна каде се лекуваше од зависност.
– Се извлеков од тоа, но не беше воопшто лесно. Јас би рекла дека всушност ст равот од враќање во комуната беше круцијален – рече Ивана.
Taa подоцна се испроба како пејачка на групата „Магазин“, па потоа започна соло кариера.
Ивана сега е среќна мајка. Пред четири години, на Ивана и на нејзиниот свршеник, Елвир Хасанхоџиќ им се роди ќерката Елена.
Пред извесно време ја запозна нејзината посилна половина и неодамна имаа и бебе. Денес оваа 43-годишна убава жена живее во Загреб и вели дека не размислува за брак бидејќи потписот не ѝ е најважен.
Мишо во една прилика раскажа за својата внука. „Детето е прекрасно. Кога ја видов прв пат се разнежив. Ивана совршено се грижи за неа.
Сега, откако ја роди Елена, кога ќе ми се јави, прво ја прашувам ќерка ми како ми е внуката, а потоа прашувам за неа“, изјави Мишо Ковач.
Денес, Мишо е во брак со сопругата Лидија и живее во Загреб, а неговата поранешна сопруга Анита се врати во Далмација и се занимава со семеен ресторан.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принстсрин