Македонка од Германија: Ниту во сон не помислував дека ова ќе ми го направи маж ми

0

Навистина не знаев дека брачниот живот може да ми донесе толку тежини и каење зошто воопшто сум се омажила, но ете, дошло, ќе се трга, шо викаат старите.

Луѓето ретко остануваат такви какви што се покажале првиот пат. Посебно треба да сме внимателни при изборот на брачниот партнер, иако секогаш се надеваме дека нема да си ја изневериме меѓусебната доверба. Ние се венчавме прилично млади, долги години бевме во врска и сакавме да внесеме промена во нашите животи.

Орце работеше во Германија, замина набрзо по нашата веридба со цел да заработи повеќе пари за да направиме убава свадба. Арно ама работите се променија и јас решив да ја оддолжиме свадбата за понатаму и заминав и јас кај него.

Завршив само средно медицинско школо и се распрашав претходно за работа таму, полагав некој курс и аплицирав за работа како медицинска сестра.

За среќа ме примија и се вселив во неговиот стан. Едно 2-3 години живеевме пријатен и хармоничен живот. Мислев дека сме достигнале се’ што треба во животот и сега ни фалат уште деца. Тој не беше баш заинтересиран за таа работа и ми велеше демек дури не направиме свадба не сака деца. Ајде, го поминавме и тоа.

Се трудевме многу и тргнавме пари настрана за да направиме свадба дома. Се’ се заврши во најдобар ред и после свадбата пак заминавме во Германија.

Тој не сакаше да ја остави работата во еден магацин, а јас како медицинска сестра. После извесно време го добивме и нашиот прв син. Јас бев пресреќна тогаш, си го добив најубавиот подарок во животот.

Но, Орце не мислам дека се чувствуваше така и дури сега видов дека сум била во право. Покрај целото внимание насочено кон син ми не сум забележувала многу работи кои се случувале околу мене.

Јас ретко излегував од дома, а Орце покрај работата често ми велеше дека мора да излезе да почасти некои пријатели и колеги.

Се зачудив од каде има тој толку пријатели и зошто мораше поединечно да го части, а не ги собираше наеднаш? Ништо, во цела збрка не ни мислев на него. Си го гледав само детето, тој ми припомагаше по некогаш со пазарење и носење на прошетка во градот.

Ех да ми беше сега овој ум тогаш, да знаев веднаш ќе си заминев кај моите… По истекот на породилното, јас се вратив на работа, детето го пуштивме во градинка, а овој се повеќе и повеќе се одддалечуваше од мене.

Немаше волја воопшто да ми помага околу станот и детето. Цело време беше уморен од многу работа или излезен со колеги.

Разговаравме, но не откри ништо, многу потиштен беше. Се тешев дека и нему не му е лесно, голема промена ни се случи во животите, му треба време да се навикне на животот со дете. И така не беше голем дел од времето дома, па и не беше многу ентузијастичен за да помине време со детето. Првата година не се вративме дома, најмногу заради детето.

Втората година кога требаше да отидеме кај нашите дома, тој многу одлучно не сакаше да замине. Се испокаравме и на крај морав сама да патувам за да им направам кеиф на родителите, сакаа да си го видат внучето.

По таа случка ми прекипе и го стегнав да ми каже се’ што има на ум и да објасни зошто се однесува така кон мене и детето.

Изгледа не можеше веќе да издржи да крие и во лице ми призна дека долго време скоро 2 години има тајна врска ама немал храброст ништо да преземе заради детето.

Сакал да порасне малку па да ми каже. Тоа за мене беше ш ок, уште не можам да поверувам колку беб заслепена од љубовта кон детето а овој правел бу -дала од мене.

Сфатив дека тој со неа излегувал, со неа останал кога јас заминав дома. Што е уште полошо, сега сака нешто да ми префрла вина мене, јас сум го одбивала одамна, јас само на детето сум посветувала внимание а тој бил фрлен настрана и морал да ги задоволува потребите.

Сега ми се зак анува да ми го земе детето за да живее со него и таа жена ако се разведеме, нашол врски за да пресудат во негова полза. Нема шанси тоа да му го дозволам, го немаше досега, па сега уште поголем удар сака да ми зададе.

Мисли дека не можам сама да го издржувам, со него подобро ќе му било. Ќе се разведам од него и никогаш повеќе не сакам да го видам.

Обработи: С.С. Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаСе виткав од болка и со лева рака возев до Градска: Дац сподели спомен на Билјана Беличанец
Следна статијаРоберт Милески: Дечки од ВМРО и СДСМ – занимаваjте се со теми кои го тиштат македонското граѓанство, а не со рекла-казала муабети