Лежев седум месеци и го родив моето прво чедо: Адријана Алачки за ќерката

0

Адријана Алачки е горда мајка на две деца, Грациела и Благоја. Синот Благоја ја побара своја избраничка за жена минатата година, и за тој убав повод, среќната свекрва се пофали на Фејсбук:

– Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите ни шани…

Да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие, да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат еден во друг.

Да им е полна куќата со дечиња….честитки деца мои златни! Лина Киркова и Благоја Алачки. Од Бога да сте благословени“, напиша таа за синот и за идната снаа.

Исто како и татко ѝ, Горан Алачки, и сопругот на Грациела е познатиот композитор и хармоникаш Игор Димовски, и ја имаат ќерката Јана која наполни пет години. Свадбата на ќерката на Алачки беше традиционална, со зурли и тапани, а се одржа во 2014 година.

Адријана со љубов зборува за својата внука Јана, на која неодамна ѝ го честиташе роденденот. Денеска, Грациела слави роденден, а Адријана со емотивни зборови ја опиша својата ќерка.

– Да се има ќерка како што си Ти моја Граци е привилегија, дар од Бога, бескрајно му благодарам што толку ме награди за да почувствувам што е дете, со сите ни шани.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН моја убавице. Биди ми здрава и среќна со твоите најмили, остани скромна како секогаш, тоа ти е голем украс и многу незаборавни мигови до следниот…Многу те сака мама!

Среќо моја, гордост моја!“, напиша Алачки за ќерката. Потоа сподели уште една објава за која раскажува за нејзината мака пред да ја донесе на свет ќерката.

– Среќен роденден сонце мајкино. На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував.

Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно.

Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек.

И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..

Затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика.

И тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена“, напиша Алачки.

Минатата година, кога започна карантинот и пандемијата, Адријана раскажа за својата тешка бременост:

– Лежев неподвижна во кревет седум мееци. Имав патолошка бременост, станав од кревет дури во деветтиот месец.

Сега, кога велат дека треба да бидеме еден месец во карантин, мене не ми изгледа како долго време. По седумте месеци што ги поминав во кревет, денес си велам дека ништо не е тешко“, рече Адријана.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаСи мислев, блазе им на жените кои ќе се омажат со моите деца, но сега веќе не мислам така
Следна статијаАлександар Митевски раскажа тажна приказна и упати силна порака: Секој собира во себе и се труди да го помине денот