Си мислев, блазе им на жените кои ќе се омажат со моите деца, но сега веќе не мислам така

0

Поради пандемијата со корона вирусот што го зафати целиот свет, многумина беа приморани да работат од дома за да се намали можноста од инфекција.

Работата од дома за многу жени се чинеше како одлична можност, бидејќи на тој начин повеќе време ќе поминуваа со децата и сопугот. Но, за некои од нив, истата таа можност им се претвори во најлошиот сон.

Покрај тоа што обврските и продуктивноста не им се намалија и мораа да работат исто како кога се на работа, некои жени беа приморани да ја подигнат продуктивноста и дома. Ова е исповед на една мајка која ја пренесуваме во целост:

“Од првиот ден од воведувањето на вонредната состојба поради пандемијата со корона вирусот, компанијата ни обезбеди работа од дома. Исто работно време, само требаше да се сместам во некој агол дома и тоа да ми биде работно место.

Сето тоа многу брзо го организирав и карантинот не ми паѓаше тешко на почетокот. Уживавме да бидеме заедно, бидејќи постариот син се врати од другиот град каде што студира, помладиот син не смееше да излегува надвор, а сопругот не можеше никако да работи поради епидемијата.

Повеќе или помалку беше исто, освен што паузите ги користев за да пијам кафе со семејството. Бидејќи им беше малку досадно, одлучивме времето да си го скратуваме во кујна експериментирајќи. Бев воодушевена.

Знаев дека децата ми се, иако се машки, златни и вредни. Сè беше совршено на почетокот, меѓутоа веќе речиси два месеца не можам да се изборам со нив и да ги избркам од кујната.

Имено, сега тие мене ме доживуваат како невработена мајка. Тука сум, дома сум постојано, “не идам” на работа и сега, као што тие мене ме сфатиле, јас сум само домаќинка.

Каква врска има тоа што јас имам работа и работам од дома – цитирам: “Што ти проблемот мајко?! Па ти работиш од дома, никаде не одиш, што ти е тешко да ги измиеш садовите!”

Садовите?! Тоа не се валкани садови! Тоа е секој ден полн мијалник, тоа е целата кујна затрупана со валкани садови. Ниедна шолја за кафе, ниедна чаша не пропуштаат да ја земат и да ја извалкаат.

Есцајгот во садоперот е како војска да ручала! А уште и кога ќе им падне на памет да ја вклучат рерната и да направат лазањи или макарони со сирење, па уште и малку ќе им загори.

Ги фалев јас нив на почетокот, бев воодушевена со момците и горда, а богами и на себе. А сега, после работа (која ја работам дома) одам на уште една работа и на перење на целата кујна за што ми е потребно најмалку уште еден час, а тоа никој не ми го плаќа прекувремено, па дури не добивам ниту слободен ден.

Анкета: Дали и кај вас е вака?

А сега размислувам како тоа, додека одев на работа, секогаш ме пречекуваше чист и празен мијалник. Повеќе или помалку сè си беше на свое место и на сите им повторував дека моите деца се златни, ангели и блазеси и на онаа која ќе се омажи за нив.

И тогаш ми текна, па едниот е дома само за викенд, другиот иде во училиште, па на тренинг, така што и тој не е дома, некогаш јаде надвор, сопругот оди на работи и тој е надвор, па нема кој да ја извалка кујната.

Како само им дозволив да влезат во кујна?! Е веќе нема да влегуваат во неа! Фала многу! А ако влезат, нема после нив да перам, нека си измијат сами сè што ќе извалкаат, па кога ќе немаат веќе ништо чисто, се надевам ќе се сетат да си измијат бар за себе.

А влезот во дневната соба е сосем друга исповед и нималку не бајковидно!

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаКалиопи во друштво со Зафирчев: Луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов
Следна статијаЛежев седум месеци и го родив моето прво чедо: Адријана Алачки за ќерката