Кате од „Нели ти реков“ откри зошто мажот ѝ ја следи на сите настапи и како пропуштила да стане позната во цела ЈУ

0

Групата “Нели ти реков“ веќе долги години опстојува на нашата фолк-сцена и ги сака и старо и младо, кај нас и во дијаспората.

Тие се едни од најбараните за свадби, семејни прослави, а имаат настапувано и на доста домашни фестивали. Заштитен знак на групата е пејачката Кате, од Ваташа кај Кавадарци.

Кате во емисијата „Магазин“ на Сител рече дека во родното Кавадарци имала многу среќно детство, и дека од родителите ја наследила музикалноста.

-Живеев во една хармонија, татко ми свиреше на повеќе жичани инструменти, и многу често се случуваше, додека јас се спремам за настапи, тој да застане пред вратата на купатилото, да свири“, рече Кате.

Потоа раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.

-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива. Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.

-Тогаш немаше многу убаво мислење за пејачите, јас не сакав да работам така, да пеам по ресторани. Меѓутоа, тука беше мојот татко.

Кога дошле дечките да ме викаат во групата, јас не бев дома, бев кај сестра ми.

Татко ми се јави и ми рече дека има едни деца што сакаат да работат со тебе. Јас кажав: Тато, нема шанси. Тој ми рече: Јас сум ти родител, народот ќе збори и така и вака.

Ако седиш дома, ќе бидеш проста. Ако си позната личност, ќе збори може и се најлошо за тебе. Ти биди си таква каква што сум те воспитал.

Зад добриот коњ се дига прашина. Со негова поддршка ја прифатив понудата.

Пеевме во хотел „Балкан“, татко ми доаѓаше да не слуша и им кажа на колегите: Влакно не смее да ѝ фали од коса“, раскажа Кате за своите почетоци.

Потоа продолжи со приказната дека исто така татко ѝ инсистирал да настапува на фестивалите, и иако не сакала да пее народно туку рок, прифатила да пее песни со некој помодерен ритам.

-Потоа дојде „Запри дожду“ која што да бидам искрена ич не сакав да пеам, ептен народнњачка беше, нели јас задоена со друга музика, меѓутоа таа песна го направи пресвртот во мојата кариера“, рече Кате.

Потоа, Кате зборуваше за тоа дека имала шанса да стане популарна во цела Југославија, откако хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ ѝ понудил да стане пејачка на популарната група „Магазин“, каде што пееја Данијела Мартиновиќ, Јелена Розга…

-Магазин ми беа идоли. Лилјана Николовска тогаш ја напушташе групата и правела проштални концерти низ Југославија и дојдоа во Неготино.

После концертот зетот од сетра ми се качи на бина кај музичарите, јас се срамев. Тој праша: Дали е вистина тоа што го читаме во весниците дека барате замена за Лилјана и ме претстави.

Направивме муабет и му дадоа четири песни коишто требаше за еден месец да ги снимам. Меѓутоа, тие колеги коишто ги знаев тогаш за снимање не ми излегоа во пресрет. Јас ги снимив песните, меѓутоа каснев со снимките.

Јас ги пуштив песните, а татко ми беше во постојана комуникација со Тончи Хуљиќ. Во меѓувреме, тие ја нашле Данијела Мартиновиќ. Во еден разговор, Тончи му кажал на татко ми дека имам неверојатна, иста боја на гласот со Лилјана.

И да бидеме во контакт, затоа што тие имале план. Кога ќе земат женски вокал, да вивнат на врвот, и потоа да го пуштат да плови во солистичките води, па да земат друга.

Меѓутоа кај мене се случи „Нели ти реков“, врв на кариерата тогаш, таму се случи војн-ата, во Хрватска, татко ми во меѓувреме поч-ина…“, рече Кате за својата шанса.

-Јас имав и понуди да пеам со Златко Пејаковиќ, но финансиите не дозволија, и задоволна сум што сум постигнала тука, помирена сум така требало да биде“, додаде пејачката.

-Со мојот сопруг сме од 1992 година во врска, бевме седум години како дечко и девојка, на сите мои настапи беше присутен. Уште пред да се запознаеме, тој ми бил обожавател со групата „Дејзи“ кои се ширеа меѓу младите.

Кога се запознавме, тој не можеше да верува дека сум јас таа чиишто касето ги слуша.

На сите настапи е со мене, и многу луѓе мислат дека некој од колегите ми е сопруг, тука доаѓаат тие забуни, зашто тој беше постојано со мене до пред 10 години.

Јас не возам, имам возачка ама ми е страв во Скопје да возам, и мора тој да ме носи насекаде. 23 години сме заедно, и најголем поддржувач и критичар ми е, и имаме две деца.

И двајцата се талентирани, девојчето е 21 година, машкото е средношколец, и тие ја сакат многу музиката, меѓутоа за жал, многу срамежливи како мајка им“, рече Кате за своето семејство.

Фото: Фрјсбук принтскрин. Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЛегендарниот Ју пејач на 76 години скија, бере грозје, има 34 години помлада жена и син кој сите го сакаат за зет
Следна статијаБеше најголемата ѕвезда во ЈУ, избега од славата, го загуби сопругот, но успеа во Америка: Ја паметите ли оваа девојка?