Карлеуша го покажа змијското тело, обожавателите во неверување како изгледа во петтата деценија

0

На трети март, се навршија две години од заминувањето на Дивна Карлеуша, познатата радио водителка и новинарка, мајка на пејачката Јелена Карлеуша.

Кога Дивна засекогаш го напушти овој свет, Јелена на емотивен начин се збогува од мајка си:

– Победничке моја, мој голем борецу. Не се грижи ништо, сѐ ќе биде онака како што сакаше. Гордост моја, ти си мојот пример, љубов моја, убава, насмеана. Спиј мирно, ангеле мој“, напиша Карлеуша за својата мајка која боледуваше од кан-цер.

– Јавноста веројатно знае дека мојата мајка е болна. Но, ние се бориме со сите сили да ѝ биде подобро. Јас сум ѝ една ќерка и мојата мајка е за мене центар на светот“, рече пејачката за својата мајка.

Во едно претходно интервју, Карлеуша раскажа колку мајка ѝ се жртвувала за неа на почетокот од кариерата.

– За време на големата инфлација во Србија, кога вредноста на динарот постојано паѓаше, мојата мајка зема кредит за да ми помогне да го снимам својот прв албум.

Тогаш имав 15 години и бев решена дека сакам да пеам. Нејзината новинарска плата тогаш беше 2 марки, а таа зема кредит за да ми помогне без да помисли како ние тоа подоцна ќе го плаќаме“, рече таа.

Јелена Карлеуша успеа дури и да ги интригира и светските медиуми, и сигурно дека на контраверзната пејачка, сопруга на фудбалерот Душко Тошиќ тоа ѝ годи. таа отсекогаш сакала внимание. Причината е многу интересна.

Тие ја претставија како српска Мадона и Лејди Гага, а сè започна кога американските медиуми дојдоа до заклучок дека најпознатата ста рлета на светот, Ким Кардашијан, ја копира Јелена Карлеуша.

Потоа, српските медиуми пишуваат дека Миа Калифа го копираше стајлингот на Јелена Карлеуша. Таа облече ист фустан како Јелена во шоуто „Звезда Гранда“.

Имено, Миа позираше во жолт фустан со отворен стомак и еден ракав, а Карлеуша ја носеше истата креација на снимањето на музичкото натпреварување, на 1 март, а на Инстаграм во неа се сликаше уште пред пет недели.

Поранешната актерка ја истакна својата волшебна фигура и стомачни во преден план, а бидејќи нејзиното тело е со поинаква градба од Карлеуша, сите на социјалните мрежи се расправаат за тоа кој од нив изгледа подобро.

Карлеуша е позната по тоа што сака да ги покажува своите волшебни облини.

Иако веќе е во петтата деценија, таа не се двоуми да позира на различни локации во разни пози.

ЈК позираше на задното седиште во автомобилот облечена во оскудно краток фустан со змијски принт што привлече големо внимание од нејзините обожаватели.

– Неверојатно! 42 или 22? Вака изгледа девојка од 22 години. Кој ли сега ова ќе го копира“, напишаа обожавателите во коментари.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаВане Цветанов моли за прошка: Ве молам простете што не ве информирав дека на 9 март се оженив со Дунавка
Следна статијаРамуш Харадинај откри што разговарале со Слобо кога се сретнале во ходник во Хаг