Калиопи во друштво со Зафирчев: Луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов

0

Калиопи Букле, изминативе години послабо настапуваше во Македонија, но одржуваше успешни концерти во Србија, во Босна и Херцеговина и во Хрватска.

Таа има свои фанови и низ Европа, кои ја запознаа во двете учества на „Евровизија“ со песните „Црно и бело“ и “Дона“.

Таа е една од нашите најквалитетни пејачки на сите времиња, и на сцената е 45 години.

За првпат јавно настапи на детскиот фестивал „Златно славејче„ со „Мојата учителка“, а останатото е историја.

На Инстаграм, Калиопи ја следат 38 илјади луѓе. Таа редовно добива лајкови и поддршка од фановите од секаде, од пријателите.

Калиопи во овој период одмара во својата куќа во Скопје и работи на нови песни со Ромео Грил, нејзиниот поранешен маж.

Иако се разведоа пред многу години, таа живее во Македонија, а тој во Швајцарија, Калиопи и Ромео се добри пријатели и соработници. „Помеѓу нас некогаш се има случено вистинска љубов.

Ни се случи време, музика, дете. Ни се случи развод, болка и страдање. Ни се случи живот. Ние двајца имаме свои животи и среќни сме.

Музиката не се создава без емоции. Ромео ми е уште најблизок роднина“, има изјавено Калиопи за Ромео.

Таа е добра пријателка и со својот втор поранешен сопруг, Васил Зафирчев.

Зафирчев, покрај тоа што е одличен актер е интересен за јавноста како поранешен сопруг на Калиопи.

Васил и Калиопи беа седум години во брак, а имаат снимено и заедничка песна. Тие се и денес блиски и повремено соработуваат.

„Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување.

Таа ми е една од најблиските во животот. Искреноста, талентот и алтруизмот ме фасцинираат кај неа“, има изјавено Зафирчев за Калиопи.

Тој е нејзина голема поддршка, а и таа е негова. Васил е инаку вработен во Велешкиот театар, во својот роден град и таму има изиграно успешни улоги.

Минатата година, тој сподели интересна, фотографија од премиерата на “ХЕРОИ 04:33” на театарот Јордан Хаџи Константинов – Џинот во Велес.

Таа претстава се одигра во рамките на 45. Млад Отворен Театар. Меѓу луѓето кои му честитаа на оваа изведба е и Калиопи. Таа му даде аплауз со емоџи, на кој тој ѝ се заблагодари.

Денес, Калиопи која редовно пешачи како што вели- по 10 километри на ден, објави видео како пешачи по скопскиот кеј.

Но, на крајот од видеото таа покажува кој ѝ прави друштво. Тоа е Васил Зафирчев.

– Интелигенцијата, хуманоста, лојалноста, доверба, се квалитетите на луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов кон вечното пријателство. Со нив уживам да поминувам километри“, објави Калиопи.

Видеото можете да го видите ТУКА

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаСо Јагнешко и Камилско – Вучиќ се пофали како го нагостиле во Бахреин (ФОТО)
Следна статијаСи мислев, блазе им на жените кои ќе се омажат со моите деца, но сега веќе не мислам така