Ја батали музиката, ама стана директор: Што прави сега познатиот пејач чии песни ги сакаше и старо и младо?

0

Има песни коишто се пеат засекогаш и се трајно врежани во срцата на народот и во музичката историја на една земја.

Многу такви евергрини се испејаа на фестивалот на забавна музика Макфест во Штип, од „Виолина и гитара“, “Кога те нема“ „Твојте очи мој сине“, и секако „Осамен“ на Трајче Манев..

Тогаш младиот Трајче, се појави на сцената на фестивалот, во својот роден град, и откако ги испеа стиховите „Ти, што ми ја украде душата ти, што ми ја зароби младоста“, останаа незборавни.

Трајче исто така ја има испеано песната „На минус 23“, која исто така стана голем хит, но сепак она по што луѓето го паметат е „Осамен“. Во една прилика, во емисијата „Стисни плеј“, Манев зборуваше за тоа како настанала оваа песна.

-Секој еден пејач има една песна што отскокнува од сите други песни. Јас не сум ни прв ни последен со којшто е така. Значи, јас се идентификувам со една песна.

„Осамен“ е песна што сум ја создал со еден здив. Тешко се прави таква песна. Кога правиш песна врз основа на музика, па на неа правиш текст или обратно, имаш текст и на него правиш музика.

Ова песна ми излезе мене едно рано утро, така настана. Драго ми е што повеќе од 30 години постои песната, се слуша до ден-денес“, истакна Трајче.

Во една од своите објави, порталот „Фешнел“ даде свој коментар за модата во тоа време на фестивалот, а меѓу оние за кои зборуваат е и штипјанецот Манев.

„Од стајлинзите на Трајче Манев, Драган Каранфиловски-Бојс и Игор Џамбазов чии песни има посебно место во музичката кутија на фестивалот можеме да забележиме дека сакоата се еднобојни или во каро дезен.

Во предимезиониран крој, со завратени ракави, во комбинација со темна блуза под нив независно дали е ролка или маичка со темни класични панталони и едноставни кошули.“

Трајче потоа сосема се повлече од музиката, и воопшто, се повлече од јавноста, освен што беше гостин во некои емисии и на некои концерти за да ги испее своите евергрини.

Така беше и на „Макфест“, минатата година кога тој се појави на настапот на отворено, во својот Штип за да ја испее омилената песна на сите генерации.

А што прави сега Трајче? Долги години, тој живее во Скопје со своето семејство, и верувале или не, се занимава со нешто што нема врска со музика.

Тој е директор во една фирма за ваги, која на својот профил објавува и слики од Трајче, на кои можеме да видиме како изгледа тој кога не е со микрофон во рака.

Изгледа дека на Манев добро му оди со бизнисот, и во ова време-невреме кога пејачите немаат настапи, тој добро си го брка својот бизнис.

Се надеваме дека можеби во некои подбри времиња ќе не изненади со некоја песна што можеби ќе стане евергрин како „Осамен“.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук пронтскрин

Претходна статијаСе огласи Коце Трајановски и праша: Каде ви се топките и метларките кои беа електрични
Следна статијаВлатко Илиевски нив ги сакаше најмногу на светот, уште една необјавена приказна за прерано заминатиот пејач