Влатко Илиевски нив ги сакаше најмногу на светот, уште една необјавена приказна за прерано заминатиот пејач

0

Влатко Илиевски беше македонски пејач на поп и рок музика, но и успешен актер и водител на најстариот детски фестивал „Златно славејче“.

Својата кариера ја започна на почетокот на 2000-те и се стекна со голема популарност ширум македонската публика. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.

Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг.

Влатко засекогаш си замина на 6 јули во 2018 година, неколку дена по својот 33 роденден. Многу негови блиски и фанови уште се во неверување и шок за загубата на ова талентирано момче, миленик на сите генерации.

„За љубов се пее до крај“ беше насловот на една од неговите песни, дует со Ристо Самарџиев со кој победија на „Охрид фест“ во 2009 година. Ова беше една од триесет и петте фестивалски награди на Влатко.

Токму по оваа песна се вика цедето кое беше издадено во сеќавање на Влатче, како што најблиските и пријателите од естрадата го викаа.

На цедето има 19 песни, кои внимателно ги избра неговото семејство, таткото Драган, мајката Јулија и сестра му Наташа. Таткото на Влатко, Драган Илиевски- Вршац, познат спортист и скопски угостител за Женски магазин ја раскажа приказната и симболиката на овој албум и се присети на најдрагите нешта на својот син.

Албумот не е комерцијален, нема да се продава, го подаривме на сите фанови на Влатко, од срце. Таков беше Влатко, сакаше да подарува.

Кога ќе се случеше на фестивал да не победи, а бил фаворит, или поради погрешно пресметани поени како што се случи еднаш на „Охридски трубадури“ не се лутеше.

Само ќе речеше: „Нема врска, и ќе излезеше да ја прими втората награда со насмевка. Никогаш на никого не му се лутеше, сè решаваше со насмевка. Многу патувам низ цела Македонија и луѓе постојано ме прашуваат дали ќе има албум со неговите најголеми хитови.

Мило ми е кога ќе слушнам дека луѓето не ја забораваат музиката на Влатко и токму поради нив ова го правиме“, изјави Драган Илиевски минатото лето.

Драган Илиевски- Вршац на крајот на 2020 година најави дека ќе се промовира нова песна од Влатко, која досега не е објавена. „Во среда на 16 декември промоција на песната „Божиќна песна“ во изведба на Влатко и хорот на „Златно славејче“.

Снимена во студиото на Александар Митевски. Музика и аранжман на Кире Костов, текст на Љупчо Јакимовски“, најави Илиевски.

За Влатко, аудио приказна проследена со видео материјали направи актерот Дејан Лилиќ. Видеото се вика „Најубавата тажна приказна“, и во него Лилиќ на емотивен начин зборува а кариерата и за животот на Влатко.

„И Кога се ќе помине, памтимо га по пјесмама. Оваа колекција една мала- голема кариера каква што беше таа на Влатко е во тој правец“, рече актерот Лилиќ.

Потоа, на Фејсбук страницата на Влатко за неговите обожаватели, беше најавено дека наскоро ќе се промовира ЦД ао досега необјавени песни од Влатко, кои тој планирал да си сними, но за жал не успеал. Сега, на страницата Влатко Илиевски фан пејџ е најавено нешто ново.

-Пред промоцијата на ЦД со необјавени песни на Влатко, во четврток, на 1 април ќе промовираме уште една песна која тој ја сними за сите деца кои тој најмногу ги сакаше“, пишува на страната. Песната е од композиторот Владимир Дојчиновски- Дојчин, и се вика „На нив сети се“.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЈа батали музиката, ама стана директор: Што прави сега познатиот пејач чии песни ги сакаше и старо и младо?
Следна статијаЖена ми ме остави зашто не миев садови